/ Прочитано:

1.320

1 600 граѓани од 4 општини, со поддршка од ЕУ, ќе ги оценуваат мерките за вработување 

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) и Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција здруженска” склучија договори со  четири граѓански организации од Струмица, Битола, Свети Николе и Тетово за доделување грантови, во рамките на проектот  „Социјална отчетност за родова еднаквост”, финансиски поддржан од Европската Унија, ИПА – Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка  за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015 .

Почнувајќи од јануари 2018 година, ЕСЕ и „Акција здруженска”, Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) – Свети Николе, Организацијата на жените на Општина Струмица, Здружението „Женски форум“ – Тетово и Младинскиот културен центар од Битола заеднички ќе работат со граѓаните од овие општини со цел да се унапреди нивниот пристап до активните мерки за вработување на АВРМ.

Финансиската поддршка се доделува за мониторинг  и оцена  од заедницата на планирањето и имплементацијата на три селектирани активни мерки за вработување (Самовработување, Македонија вработува и Услуги за вработување на АВРМ) за 2017 и 2018 година, како и застапување со цел унапредување на родовата еднаквост при планирањето и имплементацијата на мерките, а врз основа на собрани наоди  и препораки од заедницата.

Преку примена на иновативни методологии за мониторинг на заедницата, организациите ќе работат на мобилизирање и зајакнување на капацитетите на околу 1 600 граѓани со цел тие самостојно да бараат: отчет од институциите вклучени во креирањето, усвојувањето и имплементацијата на буџетите и мерките за вработување; отвореност и вклучување во процесите на креирањето, усвојувањето и имплементацијата на буџетите и мерките за вработување; крeирање на буџет и мерки за вработување кои ќе одговараат на нивните реални потреби; неселективност и системско спроведување на мерките за вработување; ефикасно, економично и ефективно спроведување на буџетот и мерките за вработување; почитување на основните принципи на недискриминација, алокација на максимално расположливи ресурси и прогресивност на буџетот за вработување итн.

M.В