/ Прочитано:

702

10 илјади набљудувачи ќе ги следат изборите

Чевтрток, 24 април 2014 – Претседателските и предвремените парламентарни ќе ги следат 9.197 домашни и 489 странски набљудувачи.

Според податоците на Државната изборна комисија од домашните набљудувачи изборните ги мониторираат од невладината МОСТ, Здружението СИНЕРГИЈА,  Движењетo ВЕПРО, ЦИВИЛ-Центар за слобода, Здружението на граѓани – Центар за развој на медиумите – Скопје и Македонскиот Центар за култура и развој.

Од странските пак тука е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и од Канцеларијата на ЕУ во Македонија. Изборите ги набљудуваат претставници на речиси сите амбасади во земјава, а има и набљудувач од Данската организација СИЛБА како и монитори од Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ.