/ Прочитано:

2.651

110 граѓани побарале адвокат преку системот на бесплатна правна помош

Среда, 17 декември 2014 – Вложените напори на Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, ЕХО – Штип, Избор – Струмица и 8-ми Септември – Скопје, за добивање на бесплатна правна помош даваат охрабрувачки резлутати, велат од проектот „Пристап до правда“.

Според податоците, резултатите се охрабрувачки за граѓаните бидејќи дури 110 граѓани побарале да добијат адвокат платен од  државата преку системот на бесплатна правна помош.

Најголемиот број од поднесените барања за бесплатна правна помош се однесуваат на проблеми од семејните односи, правото на азил и имотно правни прашања. Односно структурата е графички прикажана:

 

Во овие групи на правни проблеми за кои беа поднесени барања за бесплатна правна помош, доминантни се следните постапки за кои беше побаран правен застапник (адвокат) преку системот за бесплатна правна помош:

  • Заштита на деца
  • Заштита на жртви од семејно насилство
  • Оспорување и утврдување на татковство
  • Издршка на малолетно дете
  • Развод и издршка на малолетни деца, или развод и утврдување на татковство
  • Развод на брак
  • Спор по однос на долг за парични побарувања
  • Заштита на имот/сопственост
  • Утврдување на право на сопственост
  • Остварување на право од пензиско и инвалидско осигурување
  • Повреда на право од пензиско и инвалидско осигурување
  • Заштита на права од работен однос
  • Заштита на жртви на казнени дела
  • Баратели на право на азил (како баратели на бесплатна правна помош во постапката за признавање на право на азил)
  • Управна постапка/Постапка пред Управен суд.