/ Прочитано:

4.764

13-ТЕ ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Забрани за носење на провокативна облека и забрани за јадење и пиење во судската зграда

Покрај податоци за корисни информации и линкови, Основниот суд Скопје 1 на својата веб-страница објавува и 13 правила за однесување во судот. Документот со правилата, велат од судот, е наменет само за информирање и во него се истакнати правилата според кои посетителите на судот треба да се однесуваат во судската зграда.

Правила за однесување во Основниот суд Скопје 1

 
1. Посетителите се предупредуваат дека влегуваат во судска зграда и дека треба да ги почитуваат соодветните стандарди на однесување. Секој кој не ги почитува правилата на судот или не се придржува до стандардите за однесување ќе биде отстранет од судската зграда.
 
2. Не е дозволен влез во судската зграда на лица кои немаат навршено 18 години, освен со дозвола или наредба од судот, во присуство на возрасно лице или со одобрение од судската управа.
 
3. Посетителите кои присуствуваат на главен претрес ќе бидат сместени на местата за јавност. Претседателот на Судскиот совет може да нареди отстранување на лице од местата за посетители доколку тоа предизвикува прекин или нарушување на редот во судницата.
 
4. Посетителите мора да станат при влез на судијата во судницата.
 
5. За времетраењето на главниот претрес, посетителите треба да останат тивки и да се придржуваат на инструкциите дадени од судската полиција.
 
6. За времетраењето на главниот претрес, забрането е разговарање помеѓу посетителите, гласна бучава, навредливо, насилно однесување или каква било активност со која би се нарушило непреченото одвивање на работата на судот.
 
7. Задолжително е лицата кои влегуваат во судот да бидат соодветно облечени. Облека која се смета за провокативна, вознемирувачка или облека која има навредливи знаци или слики е забранета.
 
8. При влез во судницата, забрането е внесување мобилни телефони, преносни компјутери, PDA, камери или каква било аудио и видео опрема која може да снима или процесира. Овие предмети треба да се остават во шкафовите поставени за таа намена.
 
9. Аудио и видео снимање или сликање, без дозвола од управата, се строго забранети во судската зграда. Судскaта полиција е овластена да конфискува и\или избрише неовластени снимки.
 
10. Пиење, јадење, пушење цигари или употреба на наркотични средства се забранети во судската зграда.
 
11. Посетителите не смеат да оставаат багаж или лични работи без надзор. На посетителите кои внесуваат прекумерен или невообичаен багаж може да не им биде дозволен влез. Судот не презема никаква одговорност за какви било изгубени, оштетени или украдени лични предмети на посетителите додека се во просториите на судот.
 
13. Судската полиција може да повика на евакуација на судската зграда.
М.В