/ Прочитано:

698

17 ГОДИНИ НОТАРИЈАТ: Претседателот на Меѓународната нотарска унија во Македонија

Вторник, 16 јуни 2015 – Претседателот на Меѓународната нотарска унија Даниел Седар Сенгор денеска и утре во Скопје присуствува на одбележувањето на 17 ­годишнината од основањето на нотаријатот во Република Македонија.

Во врска со предлогот да се воведе законска обврска за ангажирање правен застапник при склучување одредени договори пред нотар, Сенгор рече дека станува збор за законодавен процес кој во основа се заснова на недоразбирање. ­

„Станува збор за недоразбирање, а нашата улога е да помогнеме на кој било начин нотаријатот да ја изврши својата должност во полза на граѓаните во Македонија, рече Сенгор. Во овој момент,  не само во Македонија, туку и во други земји е забележана еден вид конфузија помеѓу професијата на нотар и адвокат. ­Доколку двете професии се помешаат во еден единствен акт би довело до конфузија, бидејќи на тој начин ќе се ослабне самата служба“, вели тој, додавајќи дека не може да каже дека ги поддржува законските измени, но, како што додаде, тоа не значи и дека се спротивставува. ­

„Ние немаме право да се мешаме во суверенитетот на Република Македонија. Ние сме дојдени како експерти и да помогнеме доколку е потребно“, истакна Сенгор.

Тој потенцираше дека адвокатите треба да си ја вршат својата работа, односно да го бранат правото во судовите, а нотарите да пишуваат договори и тука не треба да постои конфузија.

Сенгор истакна дека Нотарската комора на Република Македонија нема да биде исклучена од Меѓународната нотарска унија.

Од Нотарската комора на Македонија посочуват дека вакво законско решение не е предвидено во ниту една земја во Европа, кои го имаат латинскиот нотаријат. Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот од кои 22 земји­членки на Европската унија и има за цел координирање и развивање на функцијата и работата на нотарите во целиот свет врз принципите на латинскиот нотаријат, чиј облик е најзастапен.

На 30 септември 2001 година на конгрес во Атина, Нотарската комора на Република Македонија е примена во членството на Меѓународната нотарска унија под уставно име и полноправно учествува во работата и состаноците на комисиите заа комисиите за европски и медитерански прашања.