/ Прочитано:

2.622

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ: Говорите на Маријана Китаноска и Сања Јоциќ на Ораторската вечер „Иво Пухан“

Потребна е промена, промена на овој систем со сериозен приод кон ова прашање, бидејќи живееме во сосема ново општество, во кое се појавуваат нови проблеми и нови предизвици. Старите решенија не функционираат за новите предизвици и колку повеќе се обидуваме да се водиме според него, толку повеќе бегаме од реалноста.

???

Меѓу другите создадени благодети од божјата рака бил создаден и канабисот. Во минатото оваа билка не сеела страв меѓу луѓето, туку се користела за добивање на коноп, изработка на квалитетна хартија, сточна храна, лекови и друго. По многу години користење на канабисот оваа билка почнале да ја сметаат за ѓаволска и оттука се сменила перцепцијата. По нејзината забрана за користење, легализацијата на марихуаната предизвика експлозија од интерес, а маслото од канабис отвори надеж за болните од најтешки болести. За оваа проблематика се истражувало многу и според глобалната мрежа е дојдено до неброени извори и информации. Многубројните светски истражувања и дебатирања довеле до заклучок дека легализацијата на марихуаната дава позитивни резултати. Човек има право да прави што сака се додека не му го наруши истото право на другиот. Не треба да се нарушува ничија слобода и сметам дека легализацијата на марихуаната ќе донесе корист од најмалку две причини. Прво, марихуаната се пуши во вид на цигара и не создава никаква зависност, барем така тврди медицината, додека пак тутунот кој се произведува, продава и конзумира е штетен и создава зависност. Тргнувајќи од лошото кон помалку лошото, ако дозволуваме нешто што е лошо, а тоа е тутунот, мора да дозволиме нешто што е помалку лошо, тоа е марихуаната. И алкохолот исто како и цигарите легално се продава во неограничени количини, достапен е за сите и покрај тоа што е забранет за продажба на лица помали од 18 години. Но тука има голем предизвик од младата популација бидејќи забранетото овошје секогаш е послатко. Како второ не најдов информација дека некој починал од канабис додека многу други поопасни и отровни средства се дозволени и можат слободно да се купат по маркетите. Прашувам зошто тие не се забранети за продажба? Кога утописките оази ќе пресушат луѓето стануваат беспомошни и безполесни, бараат излез од безизлезот, бегајќи од реалноста, од болките, од секојдневието. Бидејќи тоа што забранетата билка го лекува, конвенционалната медицина не може да го излекува. Се пишуваат и шират информации дека канабисот нема лековити својства. Дали можеби се тоа државните установи, доктори, медицински лица кои работат во интерес на фармацевските компании? Да црпиме поука од државите кои ја имаат легализирано марихуаната, на пример Холандија која има приходи од марихуаната, а нема пораст на наркоманијата. Ако ние ја легализираме марихуаната ќе имаме контрола над нелегалниот пазар и би ги оделиле здравите тревкари од нездравите наркомани.

Потребна е промена, промена на овој систем со сериозен приод кон ова прашање, бидејќи живееме во сосема ново општество, во кое се појавуваат нови проблеми и нови предизвици. Старите решенија не функционираат за новите предизвици и колку повеќе се обидуваме да се водиме според него, толку повеќе бегаме од реалноста. Употребата на марихуаната за многумина е крајно средство, а по крајни средства никој не посегнува од арно!

Маријана Китаноска

akademik..

Легализација на марихуаната во медицински цели или ? До неодамна ова прашање само повремено и срамежливо се поставуваше во нашата јавност, но дискусиите по него брзо стивнуваа, некако засенети од други, наводно позначајни, дневно-политички теми.

 Многу почесто на него нѐ потсетуваат лични приказни на поединци, објавени на социјалните мрежи и интернет порталите.Луѓето од фармацевтската и медицинската фела како да се држеа на дистанца, се додека не се покрена иницијативата за легализација на марихуаната во медицински цели, па оваа тема доби повеќе простор и внимание.

КАНАБИС САТИВА или МАРИХУАНАТА, како што е позната мегу народот, е растение чии лековити својства биле познати уште многу одамна, а некои научни истражувања ги потврдиле овие сознанија уште во 1974 год. Имено, тоа го направиле истражувачите на Медикал Колеџ од ВИРЏИНИЈА, кои биле спонзорирани од Националниот институт за здравје, со цел да докажат дека марихуаната го оштетува имунолошкиот систем. Место тоа, тие заклучиле дека марихуаната, односно тхц состојката, го забава растот на три видови карцином: карциномот на белите дробови,на дојката и вирусната леукемија. Тешко е да се поверува, но сознанието дека канабисот може да се користи во борбата против карциномот било потиснувано 30 години.Веднаш се поставува прашањето: „Зошто?“Дали клучната улога всушност ја имаат фармацевтските куќи, кои продавајки скапи лекови и цитостатици остваруваат милионски добивки…..?

Други истражувања, пак, покажале дека канабисот позитивно делува во лекувањето на ГЛАУКОМ намалувајќи го очниот притисок, дека помага во лекувањето на ЕПИЛЕПСИЈА, ДЕПРЕСИЈА, АРТРИТИС,АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ,ги намалува болките при МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА и ги намалува негативните влијанија од хемотерапијата и зрачењето.

Канабисот во медицински цели веќе легално се употребува во многу држави или пак во голем дел од нив е декриминизиран. Такви се: Германија, Франција, Чешка, Австрија, Швајцарија, Италија, Белгија, Холандија, Данска, Велика Британија, Шпанија, Португалија и др.

И по сето ова: Ако мене ме прашувате дали марихуаната треба да се легализира во медицински цели? ДА! Треба да се легализира Значи не зборуваме за легализација на широка употреба на марихуаната, туку за контролирано препишување на соодветни дози од активните состојки на ова растение.

На противниците на легализацијата сакам да им поставам 3 прашања:

  1. Дали можеби треба да се забрани и употребата на морфиумот, кој е многу посилен од марихуаната, а сепак се користи во медицински цели? Не, бидејќи неговата употреба е строго контролирана, како што би била и употребата на марихуаната, или поточно, на маслото од канабис.
  2. Дали сте се запрашале колку е поштетно консумирањето на алкохолот и никотинот и како тие влијаат врз мозочните клетки?
  3. Дали ќе се согласите со мене,дека кофеинот ,никотинот,алкохолот создаваат зависнот? Се што се консумира во прекумерни количини, може да создаде зависност, па така и марихуаната. Јас секако велам ДА за легализација на марихуаната во медицински цели уште од една причина: за да се стави во некаква правна рамка и нејзината употреба,но и начинот на кој сега се доаѓа до неа. На тој начин ќе се спречи, или барем ќе се намали, нелегалното внесување и купување на марихуана со сомнително потекло.

Иако прашањето за легализација на марихуаната претставува не само правна и етичка дилема, размислувајте,бидете отворени кон нови можности и своите конзервативни ставови заменете ги со модерни. Не бидете скептични! Зошто да не се даде можност повеке, право на избор, можеби уште еден обид во борбата за живот на лугето кои изгубиле надеж?

Сања Јоциќ

 

veljanoskim@akademik.mk