/ Прочитано:

4.352

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

Врховниот суд на Република Македонија објави сентенци во врска со кривични дела против животот и телото половата слобода и морал, непостоење на нужна одбрана, одговорност на поттикнувачот, фалсификување исправа, Недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, признание на вина и повреда на правото на одбрана.

pravosudstvo.jpg

1) Сентенца – Обљуба врз немоќно лице

Сторено е кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 3 во врска со став 1 од КЗ, кога оштетената е лице со лесна ментална ретардација-лесно заостанат душевен развој, без оглед на фактот што при извршување на делото пружала активен отпор противејќи се и викајќи за помош.

Образложение

Барањето е неосновано. Во барањето се наведува дека првостепената пресуда се засновала врз докази врз кои не може да се се заснова пресуда, поточно врз исказот на оштетената А.Д. даден на записник пред истражен судија, како и врз вештачењето на ЈЗУ Универзитетска клиника… >>>Целосен текст на сентенцата

2) Сентенца – Нужна одбрана

Нужна одбрана не постои кога при удар со рака од оштетениот, осудениот употребил и дејствувал со нож врз витален дел од телото на оштетениот-вратот.

Образложение

Барањето е неосновано. Иако согласно член 413 од Законот за кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба не може да биде основ за поднесување на вакво барање, овој суд согласно одредбите од член 415 во врска со член 409 од Законот за кривичната постапка, при решавањето на барањето ја преиспита и фактичката состојба, проверувајќи дали утврдените факти произлегуваат од изведените докази или не, при што констатира дека сите решавачки факти произлегуваат од изведените докази, а фактичката состојба не се доведува под значително сомнение… >>>Целосен текст на сентенцата

3) Сентенца – Поттикнувач

Кога поттикнатиот извршител реализира друго, потешко кривично дело, а не она за кое бил поттикнат, поттикнувачот не е одговорен за потешкото дело. 

Образложение

Барањето е неосновано. Во барањето се наведува дека со правосилната пресуда сторена е повреда од член 355 став 1 точка 9 од Законот за кривичната постапка, односно дека судот го пречекорил обвинението со правната преквалификација, бидејќи застапникот на обвинението не извршил преквалификација и истиот останал на ставот дека обвинетиот П. сторил кривично дело „Убиство“ а не како што судот донел одлука дека сторил кривично дело од член 131 став 3 во врска со член 23 став 1 од Кривичниот законик…>>>Целосен текст на сентенцата 

4) Сентенца – Идентификационен беџ

Идентификациониот беџ-легитимација за комунален редар има својство на јавна исправа и ја издава надлежен државен орган во постапка и форма утврдена со закон во правните односи.

Образложение

Барањето е неосновано. Во барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е наведено дека со истата сторена е суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 381 став 1 точка 8 од ЗКП („Службен весник на РМ“ број 15/05 од 07.03.2005 година – пречистен текст), на околност дека правосилната пресуда се заснова врз доказ врз кој според одредбите од Законот за кривичната постапка не може да се заснова една судска одлука…>>>Целосен текст на сентенцата

5) Сентенца – Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда ќе се отфрли како недозволено, кога е поднесено против пресуда со која е изречена казна затвор помалку од 1 (една) година.

Образложение

Барањето е недозволено. Врховниот суд на Репбулика Македонија од увидот во списите по предметот констатираше дека осудениот Д.С. со правосилната пресуда е огласен виновен за кривично дело „Телесна повреда“ од член 130 став 1 од Кривичниот законик, за кое е осуден на казна затвор во траење од 3-три месеци…>>>Целосен текст на сентенцата

6) Сентенца – Признанието на вина не е манливо

Признанието на вина не е манливо и на него може да се заснова пресуда кога осудениот бил поучен за своите права и за правните последици од признавањето на вина, а во присуство на бранител доброволно одлучи да ја признае вината.

Образложение

Барањето е неосновано. Со поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда се оспорува законитоста на спроведената кривична постапка, со навод дека пресудата се заснова врз доказ врз кој според одредбите на законот не може да се заснова пресуда. Имено, се настојува да се прикаже дека осудениот во време на давање на признанието на вина во постапката пред првостепениот суд, бил во таква емотивна состојба, која клинички била дефинирана како анксиозно-депресивно реагирање, ситуационо условено и бил со битно намалена способност да изврши правилна процена на реалните факти и да ги штити своите интереси…>>>Целосен текст на сентенцата

7) Сентенца – Сослушување на оштетен надвор од главен претрес

Сторена е повреда на член 355 став 1 точка 8 од Законот за кривичната постапка, повреда на правото на одбрана и на правично судење кога оштетената била сослушана и соочена со обвинетите надвор од главен претрес во отсаство на нивните бранители и во услови на задолжителна одбрана. 

Образложение

Барањето за заштита на законитоста е основано. Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по подигнатото барање за заштита на законитоста, констатираше дека со првостепената и второстепената пресуда е повреден законот од член 355 став 1 точки 6, 8 и 11 и член 355 став 2 од Законот за кривичната постапка.  Од увидот во списите на предметот овој суд констатираше дека во конкретниот случај била сторена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 355 став 1 точка 6 од Законот за кривичната постапка бидејќи пресудата ја донел суд кој поради стварната ненадлежност не можел да суди во тој предмет. >>>Целосен текст на сентенцата 

М.В