/ Прочитано:

1.426

Државните секретари со продолжен мандат до истекот на мандатот на преодната Влада

На државните секретари да им продолжи мандатот до истекот на мандатот на преодната Влада, се вели во една од предложените измени на Законот за административни службеници, кој е предложен во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка.

akad 1

Со измените и дополнувањата на Законот за административните службеници, покрај другите измени во врска со реализацијата на мерките за одличен и слаб ефект и усогласувањето со Законот за општата управна постапка, се уредува и статусот на државните секретари во случај на формирање на преодна Влада за спроведување на парламентарни избори.

„Имено, со членот 43 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, како системско решение е воведено формирање на преодна Влада, 100 дена пред одржување на парламентарни избори, со измените и дополнувањата на Законот за административни службеници исто така системски се уредува статусот на државните секретари, кои во моментот на формирање на преодната Влада го вршат мандатот, на кои во иднина при секое формирање на преодна Влада, мандатот ќе им истече со истекот на мандатот на преодната Влада“, се вели во законското образложение.

Во таа насока, во текстот на законските измени се пропишува дека на државните секретари именувани, односно назначени до денот на влегување во сила на Законот кој се предлага, им продолжува мандатот до истекот на мандатот на преодната Влада избрана согласно член 43 од Законот за Владата на Република Македонија.

„На државните секретари именувани, односно назначени до денот на влегување во сила на овој закон им продолжува мандатот до истекот на мандатот на преодната Влада избрана согласно член 43 од Законот за Владата на Република Македонија“, се вели во Член 104-а од Предлог –законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници.

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА СУДСКИТЕ И АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: Се одложува реализацијата и изрекувањето на мерките за одличен и слаб ефект