/ Прочитано:

2.015

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДСТВОТО: Задолжително застапување од адвокат кај предмети во втор и трет степен

Стратегијата за реформа на правосудниот систем со Акциски план (2016 – 2020) се подготвува врз основа на проценка на ефикасноста на правосудниот систем изготвена со поддршка на експерти преку Проект на ЕК за подготовка на ЕУ програма за поддршка на секторот правда.

advokati digtalizacija komjuterizacija

Предлог-Стратегијата, која се однесува на долгорочната реформа на македонскиот правосуден сектор,  е изработена со стручна и логистичка поддршка на Проектот за подготовка на програмата за поддршка на правосудниот сектор и ИПА 2010 проектот за понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки.

Во Стратегијата дефинирани се клучните институционални и тематски блокови за цели на предложување на реформски интервенции: судство, казнено-правен систем, пристап до правдата и транспарентност, политика и координација, управно правосудство, информациски системи и е-правда.

Во делот на судството, во контекст на зголемувањето на ефикасноста се утврдуваат повеќе точки како очекувани исходи од реформите на судството за перидот 2016 – 2020, а во насока на, како што се истакнува во стратешкиот документ,  „рационализација на хоризонталната и вертикалнта надлежност во сите видови на процеси“.

Во очекуваните исходи  се истакнува дека ќе биде оптимизирана  судската мрежа заснована на извршена темелна анализа на недостатоците и проценка на ефектите, при што земено е предвид да се изврши рамнотежа меѓу ефикасноста и правичноста.

Во таа насока, се посочува што треба да се направи на тој план во следниот период:

– Хармонизирани  процесни регулативи за спорови со доминантни елементи од јавното право (вклучително и граѓански и трговски спорови)

– Во казненото право се прави појасна дистинкција меѓу прекршоците и кривичните дела и тоа влијае врз соодветните постапки

– Со процесните правила се промовира ефикасност, како и скратеност на постапките за мали и неспорни тужби, (одредени) управни дела и прекршоци

– Со прекршоците се постапува преку поедноставена постапка- некои аспекти од процесите не се регулираат повеќе со закони, туку со деловник и праксата на Врховниот суд (ВС) (пр. за прашања на допуштеност на тужбите, известувања, организација на рочиштата, итн.), како и преку праксата на пониските судови (пр. во случаи на утврдување на критериумите за одобрување или одбивање на дозволата за жалба).

– Со системите за управување со работата редовно се вчитуваат податоци во врска со бројот на предмети и продуктивноста, поставените цели, нивно мерење, предлозите за приспособување на буџетот и понатамошен развој на политиките во врска со организацијата на судовите, институционализиран е пристапот заснован на аргументи кон сите структурни реформи во судството.

– Не се изработува по автоматизам судска одлука со целосно образложениe или преписи од рочишта, туку само на барање на странката; се воведуваат такси за изработка на одлука или препис; се воведува концептот „најдобар напор“ за да се изрекуваат процесни последици врз пасивната или несовесната страна.

– Постои можност да се повлече или прекине жалбата во секоја фаза.

-Жалбата не го одложува по автоматизам извршувањето во граѓанските и управните спорови.

– Воведено е задолжително застапување од адвокат во втор степен кај сите видови предмети што опфаќаат само правни прашања или кај предмети со значителна парична вредност; задолжително застапување од адвокат во трет степен.

– Жалитетот застапуван од адвокат во сите видови процеси мора да доставува подетално образложение во рамките на одреден рок во случај на крајно неаргументирана жалба (без наведени правни или фактички основи.

– Во жалбените и управните жалбени постапки се наплаќаат поскапи судски такси отколку во прв степен; се исклучуваат од жалба тужби од мала вредност и некои категории на спорови; се бара дозвола за жалба во сите други граѓански и управни предмети

– Во кривичните постапки се воведува вонреден правен лек за Спогодбите до Врховниот суд

– Во кривичните постапки се бара консолидирање на аргументите на обвинителството во една жалба, а не во посебни жалби (според предмет, виш обвинител, итн.)

– Се намалуваат правата на третите лица да интервенираат во жалба во сите видови постапки, како и на жртвите во кривичните постапки

– Се воведува концептот на „најдобар напор“ во сите видови постапки за да се намали фактичкиот и правниот опсег на жалбената ревизија на претходните наводи на странката; судот има на располагање алатки за санкционирање на странката што ги задржувала доказите.

– Концептот „интересот на правдата“ се дефинира за да се ограничи фактичката или правната истрага од второстепениот суд по службена должност;

– Судиската дискрециона моќ при одлучувањето по жалба подлежи на тестот на „разумност“.

– Повторното целосно сослушување на веќе изведени докази и повторниот распит на сведоците во жалбената постапка се дозволуваат само во ограничен број на предмети (сериозни повреди во утврдување на фактите и правото од понискиот суд)

– Не се воведуваат нови докази во жалбената постапка.

– Можностите за воведување на нови правни аргументи во жалбената постапка се многу ограничени (критериуми за „последична тужба“ во граѓански постапки, итн).

– Жалителите во оригиналната жалба имаат обврска посебно да се наведат фактичките и правните аргументи, и тоа во жалбена матрица.

– На судот не му се наметнува законски утврден временски рок во врска со постапувањето во кој било предмет во кој било степен на надлежност (се заменува барањето за разумен рок“ кај донесување на одлука во жалбена постапка „што е можно побрзо“), освен во некои ограничени категории на предмети (за брзо ревидирање на времените мерки што се однесуваат на слободата или имотот, итн.)

– Во случај на преиначување на пониската одлука како принцип не се враќаат предметите на повторно одлучување; се носи нова одлука во втор или трет степен; предметот се враќа на повторно одлучување само во вонредни околности што не може да се корегираат по жалба (сериозни процесни повреди во понискиот степен (нижтовност на писмената, неправилно застапување од адвокат по службена должност, незаконски состав, несоодветен суд, итн.) и само кога има потреба од опширно повторно оценување или изведување на нови докази).

– Не се дозволува враќање на повторно одлучување во случај на недопуштени докази или несоодветно оценување на доказите од понискиот суд.

– Ревизијата во трет степен е од вонредна природа за сите видови на процеси; критериумите опфаќаат комплексни правни прашања, еднообразност на праксата, или „прашања од значителен јавен интерес“ и тие мора да се покажат и да се оправдаат за да се допушти жалбата во трет степен.

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДСТВОТО: За праведно застапување на клиентите, адвокатите мора да имаат соодветна заштита и голем број на привилегии

M.В