/ Прочитано:

2.322

Академик одржа обука на тема „Е-јавни набавки за договорните органи и економските оператори”

Академик денеска одржа обука на тема: „Е-јавни набавки за договорните органи и економските оператори”.

akad 1

Поради големиот интерес за обуката за јавни набавки, наменета за договорните органи и економските оператори, одржана минатиот месец, Академик и денешната обука ја посвети на тематиката за јавните набавки, поконкретно на законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

akad 1

На денешната обуката се дискутираше за бројни прашањата поврзани со подготовката на техничките спецификации со користење на мерливи барања и за законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

akad 1

Исто така, во фокусот на обуката беа многубројни практични примери преку кои беше проследена целокупната процедура за спроведување на комплетна постапка за доделување договор за јавна набавка со користење на е-средствата.

akad 1

Се говореше и за задолжителното објавување на определени видови постапки за јавни набавки со користење на е-средствата, регистрација и објава на огласи во TED, е-поштенско сандаче, е-потпис и е-архивирање.

akad 1

Во таа насока, на обуката беа споделени досегашните искуства, беше укажано на најчестите грешки во практиката, а беа презентирани и упатства за дефинирање на критериумите за способност низ интерактивни дискусии и практични примери.

akad 1

На обуката говореа искусните практичари – обучувачи: Маја Малахова, м-р по правни науки – претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки; Татјана Пешевска, дипл. ек., раководител на секторот Внатрешна ревизија, овластен државен ревизор и сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство и Ирена Стоименова, дипл. ек., советник за комерцијални работи, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки во повеќе јавни институции.

akad 1

Учесниците на денешната обука велат дека ќе понесат мошне корисни искуства од обуката, нагласувајќи дека едукативниот пристап и начинот на предавање од страна на обучувачите за нив ќе биде од исклучителна важност за примената на законските прописи во нивната работа.

„Првпат сум на обука на Академик и презадоволен сум. И порано, други што биле на обуките, ми советувале да дојдам и денеска се уверив дека се во право. Сум бил и на други обуки, но не била вака елаборирана темата за јавните набавки“, Садудин Асипи,  Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор.

„Задоволни сме од обуката. Слушавме внимателно, но тука треба да се нагласи дека за тоа голем удел имаа предавачките кои ни го задржаа вниманието со своите предавања и, секако, тоа што ние прашуваме и дебатиравме“, Павле Биков, Вита Мандалова и Марина Куцирова, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.

„Добра обука, со иновативен пристап и концепт. За поздрав е тоа што имаше интерактивна атмосфера, што се добиваа одговори на прашањата и што предавачките, покрај она што го говореа за темата на обуката, ги слушнаа и дилемите на учесниците“ – Христијан Стојановски, Геолошки завод.

„Од обуката понесуваме извонредни искуства. Одлични предавачки, одлична организација. Мене посебно ми оставија впечаток практичните примери. Мислам дека за обука со ваква тема тоа е најважно“, Ана Орданоска,  Факултет за ветерина, УКИМ.

„Корисна, многу корисна обука. Предавањата беа многу значајни од практичен аспект и сѐ што ни беше посочено од страна на предавачките ќе го примениме во нашето работење“ Драгана Ангелова, „Електроизградба“ ДООЕЛ, Скопје

„За нас е корисно зашто треба да ги спроведеме и ние овие новини во врска со јавните набавки,  а имавме можност да слушнеме како е исправниот модалитет. Задоволни сме од обуката многу. Имаше одлични појаснувања“, Александра Талевска, Жаклина Стојановска, Мирјана Илиевска,  ДОО ФОД Новаци.

„Како и моите колеги, и јас се согласувам дека обуката е извонредна. Советите од предавачките за нас се од голема важност. Каде се прават грешки, како да се постапи, што е тоа што создава проблеми во практиката, сето тоа беше кажано на обуката“, Моника Нолева, НУ Завод и музеј Битола.

„Убаво осмислен концепт, замисла која има добра реализација, но нашата препорака е обуките да траат подолго. Се работи за комплексна тема, за која се потребни појаснувања и во однос на техничкиот дел. Не е лошо и учесниците да бидат вклучени во тоа, на пример кога има некој електронски приказ“, велат Харун Дехари, Василе Неделкоски,  Агенција за администрација.

„Доаѓам од економски оператор и имав можност да ја слушнам и страната и искуствата на договорните оператори, поконкретно во однос на законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН)“, Антон Карафиловски, „Понир“ ДООЕЛ.

„Супер реализација на обуката! Задоволни сме и од предавачките и од организацијата“, Татијана Медарска, УП „Паркиралишта“ Струмица.

„За разлика од други обуки на коишто сме оделе, се разбира, што не биле во организација на Академик, оваа обука беше многу конструктивна. Се разликува од другите обуки, но по она што е најважно – по квалитетот и по нивото на предавачките и организацијата!“ Калина Кузман Додевска и Весна Наумовска, НУ Завод и Музеј Охрид.