/ Прочитано:

2.059

Адвокат Рубин Двојаков: Ножот не бил на убиецот, туку на убиениот Ангел

Среда, 21 мај 2014 – Членовите на семејството на Насер Е. и адвокатот Рубин Двојаков тврдат дека оружјето со кое е убиен Ангел Петковски всушност му припаѓало на убиениот и неговиот татко.

„Тоа е и причината што осомничениот Насер сам се предал на полицијата“ , тврди адвокатот Рубин Двојаков.

Оваа различна верзија од официјалната на МВР за трагичното убиство во Ѓорче Петров ја пренесува весникот на албански јазик „Коха“.

Осомничениот на адвокатот му раскажал дека отишол со намера да го украде велосипедот, но негира дека имал нож.

Според осомничениот, тој бил нападнат од страна на жртвата и неговиот татко. Според адвокатот Двојаков, Насер го убил Ангел во самоодбрана, пишува весникот „Коха“.