/ Прочитано:

745

Адвокати, пријавете се на обука за новиот ЗКП – Посебни постапки!

Петок, 4 април 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД во Република Македонија од 10 – 11  до април организира специјализирана обуки за новиот Закон за кривична постапка.

Напредната обука која се однесува на модул 4 – Посебни постапки, е наменета за сите адвокати кои веќе ги поминале основните обуки.

Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 7 aприл 2014 година.