/ Прочитано:

12.447

Адвокатката Маја Ристова избрана за претседател на Асоцијацијата на менаџери на Македонија

На годишното собрание на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, адвокатката Маја Ристова е избрана за претседателка на Асоцијацијата на менаџери на Македонија.

Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, формирана во декември 2015 година, чија цел е вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите менаџери. Асоцијацијата на менаџери е полноправна членка и соосновач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа.

„Мисијата на Асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошна општествена и економска преродба на регионот. Асоцијацијата на менаџери на Македонија е формирана водејќи се од следните критериуми: визионерство, одговорност, знаење, креативност, посветеност и професионалност“, велат од АММ.

„Исто така,  нашата основна цел е во земјата клучен збор да добијат оние кои го полнат буџетот, наместо оние кои го празнат“, нагласуваат од Асоцијацијата.

М.В