/ Прочитано:

1.526

Адвокатот Мајк Пенс, новиот американски потпретседател

Адвокатот Мајк Пенс, гувернер на Индијана е новиот американски потпретседател.

akademik foto 1

Мајк Пенс е роден 1959 година во градот Колумбус во Индијана и потекнува од ирско семејство. Неговиот татко Едвард Пенс, бил сопственик на синџир бензински станици.

Пенс студирал на Колеџот Хановер, а своето правничко образование го оформил на Универзитетот во Индијана, стекнувајќи се со докторат по право. Веднаш по своето дипломирање во 1986 година, Пенс и практично му се посветил на правото, вработувајќи се во адвокатската фирма „Старк, Донингер, Мерниц и Смит“.

Како што пишува магазинот „Аба журнал“, Пенс во компанијата останал неколку години, а неговите соработници за него велеле дека бил пријатен соработник, посветен работник и вистински џентлмен. Додека работел во „Старк, Донингер, Мерниц и Смит“, Пенс се фокусирал на прашања од корпоративното право.

Покрај адвокатскиот ангажман, Пенс посветил дел од својата кариера и на истражувањето и промовирањето на идејата за слободниот пазар. За таа цел,  Пенс бил дел од тимот на влијателни тинк-тенк организации.

Пенс за себе велел дека отсекогаш го интересирале пошироките општествени проблематики, покрај практикувањето на адвокатурата. За тоа говори и неговиот ангажман како водител на контактни емисии на радио, но и неговиот сатиричен поглед кон некои правни прашања, што особено за време на студиите го изразувал преку сатиричните правни стрипови кои биле негово авторство.

Мајк Пенс, 48-миот потпретседател на САД, има конзервативна политичка определба. Член е на Републиканската партија и долги години бил претставник на шестиот конгресен округ во Индијана. За нов потпретседател на САД доаѓа од местото гувернер на Индијана.

M.В