/ Прочитано:

1.905

Адвокатска комора на РМ и ОБСЕ: ОБУКИ НА ТЕМА “КОНЦЕПТОТ НА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА“

Среда, 27 август 2014 – Адвокатската комора на Република Македонија во соработка и со финанска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје продолжува со реализација на планираните каскадни обуки за адвокати на тема “Концептот на aнтидискриминација“.

Првата обука ќе се одржи во периодот од 3 до 5 Септември 2014 година, во Хотел Сириус – Струмица. Пристигнувањето е на 3 Септември, додека работни денови се 4 и 5 Септември.

За оваа обука планирани се учесници (адвокати) од следните градови: Струмица, Штип, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Берово, Делчево, Велес, Неготино, Кавадарци и Куманово.

Втората обука ќе се одржи во периодот од 16 до 17 Септември 2014 година, во Хотел Инекс Горица – Охрид, и е наменета за учесници (адвокати) од останатите градови.

 Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на престојните обуки, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 01 Септември 2014 година.