/ Прочитано:

4.868

Адвокатската комора бара целосна заштита на безбедноста на адвокатите и најостро го осудува нападот врз нејзин член

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува нападoт врз нејзин член кој вчера, 18.4.2017, се случи во адвокатска канцеларија во Тетово.

„Адвокатите ги штитат правата на граѓаните во рамките на законските можности и во ситуација кога, евентуално, клиентот е незадоволен од правната помош тоа треба да биде предмет на законска процедура пред дисциплинските органи на Адвокатската комора на Република Македонија. Овој настан мора да претставува предупредување за давање на целосна заштита на безбедноста на адвокатите во секој момент кога тоа ќе биде потребно, побарано или ќе постојат индиции дека е потребно“, истакнуваат од АКРМ.

Вчера во 13:40 часот во тетовската полиција 51-годишен адвокат пријавил дека во неговата канцеларија бил нападнат со нож. При нападот адвокатот се здобил со расеченици, по што се упатил во Клиничка болница Тетово каде што му била укажана лекарска помош. Лицето кое го нападнало адвокатот било приведено од  полициски службеници.

М.В