/ Прочитано:

928

Адвокатската Комора на Србија ги одби предлозите на Министерството за правда и продолжува со протестот

Понеделник, 27 октомври 2014 – По неколку часа дискусија, Управниот одбор на Адвокатската Kомора на Србија одлучи да не го прекинe протестот до целосно исполнување на условите.

Претседателот на АКС, Драгољуб Ѓорѓевиќ, на прес-конференција изјави дека по долги разговори, Управниот одбор одлучил да го одбие предлогот на ресорното министерство за правда, бидејќи, како што рече, тoa не оди на добро за граѓаните, владеењето на правото и заштита на човековите права.

Тој потсети дека испратиле до Министерството предлози за ревидирање на спорните законски решенија и се надева дека Министерството ќе ги разгледа.

Предлозите на Министерството и предлозите на Адвокатската комора се судираат околу ексклузивноста на нотарите при  составувањето на договорите и солемнизацијата на приватните исправи. Исто така, се јавува спор околу оданочувањето на адвокатите, кои бараат фискалните даночни обрски за адвокатурата да не бидат повеќе од 10% за цела година.

Денес и Адвокатската комора на Војводина (АКВ) ја одби понудата на Министерството за правда и нејзините членови ќе го продолжат прекинот на работата. Адвокатите од Војводина во правнички манир му одговараат на Министерството за правда: „На документот немате ни печат, ни потпис“.

„Минатиот четврток, Министерството за правда  понуди своја верзија за решение на оваа ситуација. Управниот одбор на АКВ одлучи дека понудата не е прифатлива, првенствено затоа што на документот кој е понуден, не постои ниту меморандум, ниту печат, ниту потпис на некој од Министерството за правда. Од друга страна пак, предлогот на Министерството за правда ни содржински не одговара на она што го бараат адвокатите“, изјави Дејан Укропина, секретар на Одборот на Адвокатската Комора на Војводина.

Минатата недела, неколку илјади адвокати се собраа пред зградата на Владата на Србија, протестирајќи и барајќи да им се исполнат барањата. По парализата на правосудниот систем, тие го парализираа и сообраќајот во овој дел од градот.

„Сакаме да и порачаме на Владата и Министерството за правда дека адвокатите на работат скришно и дека не сме во судниците, туку на улица, незадоволни владините законски решенија. Нашиот протест продолжува“, упатија порака солидарните адвокати.

М.В