/ Прочитано:

1.853

Адвокатската комора за законските новини за адвокатите и адвокатските друштва како регистрациони агенти

Сабота, 20 јуни 2015 – Адвокатската Комора на РМ истакнува кои се новините  во  новите измени на Законот за  едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во кој се предвидува проширување на опфатот на категоријата „регистрационен агент“ со воведување на адвокатите како овластени подносители на електронска пријава за основање, промени и бришење на трговските субјекти преку Системот за е-регистрација. 

Законските измени влегуваат во сила од 20 јуни, а ќе се применуваат од 1 ноември 

Првенствено, Адвокатската Комора на Република Македонија во врска со измените и дополнувања на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица  укажува дека законските измени влегуваат во сила од 20 јуни 2015 година, потенцирајќи дека ќе се применуваат од 1 ноември 2015 година.

Новини во законските измени

Од АКРМ образложуваат кои се новините во измените и дополнувања на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

„Има проширување на опфатот на категоријата „регистрационен агент“ со воведување на адвокатите и адвокатските друштва кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација;

Пријавата за упис на трговец поединец и трговско друштво ќе се одвива исклучиво по електронски пат преку Системот за е-регистрација. Пријавата за упис ќе се поднесува во хартиена форма само ако уписот се врши врз основа на правосилна судска одлука или одлука на орган на државна управа;

Уписот на основање на трговецот поединец и трговските друштва преку Системот за е-регистрација ќе се врши без надоместок и награда;

Регистрациониот агент трговец поединец и трговско друштво, како сметководител/овластен сметководител, вршат електронско поднесување на пријавата за упис на основање на трговец поединец, ДОО и ДООЕЛ;

Регистрациониот агент адвокат поединец или адвокатско друштво вршат електронско поднесување на пријава за упис на трговец поединец, пријава за упис на основање, промена и бришење на сите форми на трговски друштва определени со Законот за трговските друштва во единствениот трговски регистар“, посочуваат од АКРМ.

Адвокатите ќе бидат овластени подносители на електронска пријава за основање, промени и бришење на трговските субјекти

М.В / veljanoskim@akademik.mk