/ Прочитано:

716

АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2015

Понеделник, 5 октомври 2015 – Адвокатската комора на Република Македонија ги најавува  десеттите по ред Адвокатски спортски игри.

„Да продолжиме во духот на спортската култура и да ги одржиме десеттите по ред Адвокатски спортски игри, со екипни натпревари во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг-понг, пикадо и влечење јаже“, порачуваат од АКРМ.

Од АКРМ велат дека оваа година Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат во деновите 17-18 октомври 2015 година, во хотел Инекс Горица во Охрид.

„Предвидено е започнување со спортскиот дел во сабота (17 октомври) во 12,00 часот. Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија најдоцна до 13 Октомври 2015 година, на е-маил. lawyermk@mba.org.mk или на телефон 02 / 3165 409. Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.500 денари, а остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион го покрива Адвокатската комора на Република Македонија“, известуваат од Адвокатската комора на Република Македонија.