/ Прочитано:

2.277

АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Јавен повик за волонтери

Среда, 19 ноември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители на објави јавен повик за прием на двајца волонтери. Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик (не сметајќи го денот на самото објавување).

„Врз основа на Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2007 и 161/2008), Програмата за волонтирање за 2014 година на Академијата за судии и јавни обвинители и Одлуката за објавување на јавен повик за прием на волонтери во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев бр. 04-284/8 од 18.11.2014 година, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  објавува

 ЈАВЕН ПОВИК

 за прием на волонтери 

 I.      Број на места за кои се објавува јавниот повик

 Јавниот повик се објавува за прием на 2 (двајца) волонтери во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

 На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надомест на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2007 и 161/2008), а најмногу до 15 % од просечната бруто месечна плата во Република Македонија, исплатена во претходната година.

 II.     Услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати

–           Правни студии – VII1, или најмалку 180 кредити според ЕКТС

–           Без работно искуство

–           Без положен правосуден испит

–           Познавање на англиски јазик

–           Активно работење на компјутер Microsoft Office 

 III.      Начин на пријавување на заинтересираните кандидати

 Заинтересираните кандидати поднесуваат пријава со назнака „по јавен повик за прием на волонтери“.

Кон пријавата кандидатите треба да приложат:

–        Кратка биографија со лични податоци

–        Уверение за завршен правен факултет

–        Потврда за познавање на англиски јазик

 IV.    Рок и начин на пријавување на заинтересираните кандидати

Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик (не сметајќи го денот на самото објавување).

Пријавите со потребните документи, заинтересираните кандидати може да ги достават лично во Академијата секој работен ден во текот на работното време од 8:30 до 16:30 часот или по пошта на следната адреса:

Академија за  судии и јавни обвинители 

Павел Шатев

Бул. Јане Сандански бр. 12, ламела 2

1000 Скопје   Неблаговремените и нецелосните пријави нема да бидат земени во разгледување.

 V.      Начин и рок на спроведување на постапката за селекција

Постапката на селекција на пријавените кандидати ја спроведува Комисија за вработување формирана со решение на директорот на Академијата за  судии и јавни обвинители.

Со сите пријавени кандидати, Комисијата ќе спроведе интервју, а за денот и часот на одржување на интервјуто кандидатите благовремено ќе бидат известени.

Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани како волонтери во Академијата, ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена од денот на завршувањето на интервјуто со сите пријавени кандидати.“