/ Прочитано:

1.566

Академијата за судии и јавни обвинители објави јавен оглас за прием на 16 слушатели на почетна обука

Четврток, 13 февруари 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители објави јавен оглас за прием на  16 слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители. Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е 15 (петнаесет) денасметано од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“ (11 февруари 2014).

Услови за прием во почетна обука  

– дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со просек од најмалку 8,0 или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 8,0 во секој од двата циклуса на универзитетските студии,

– положен правосуден испит,

– работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит,

– да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност,

– да е државјанин на Република Македонија,

– активно да го владее македонскиот јазик,

-активно да познава еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик што се докажува со еден од следниве меѓународно признати сертификати: 

 1) ТОЕФЕЛ (TOEFEL) – најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер, не постар од две години од денот на издавањето,

2) ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,  не постар од две години од денот на издавањето,

3) ТОЛЕС (TOLES) – базично познавање (Foundation level),

4) ИЛЕК (ILEC) – положен со успех најмалку Б 2 (B2) и

5) Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Certificate of Preliminary English) – Б1 (B1),

– практична работа со компјутери и

– да е работоспособен и да има општа здравствена способност.

 Содржина на пријавата и потребни документи

Кандидатите до Академијата поднесуваат пријава на образец изготвен од Академијата, во кој се содржани податоци за исполнување на условите за прием според јавниот оглас.

Образецот на пријавата, заинтересираните кандидати можат да го подигнат лично во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, на адреса Булевар „Јане Сандански“ број 12, ламела 2, 1000 Скопје, во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот или да го превземат од интернет страницата на Академијата www.jpacademy.gov.mk.

 Кон пријавата се приложуваат следниве документи во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар:

–  уверение за државјанство,

– уверение за завршен правен факултет – четиригодишно високо образование на правни студии и уверение за завршен II циклус на студии-магистерски академски студии или постдипломски студии, согласно член 4 и член 13 од Уредбата за Националната рамка на високообразовните квалификации (Службен весник на Република Македонија бр.154/2010)  или уверение за дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 8,0 во секој од двата циклуси на универзитетските студии,

–  уверение за положен правосуден испит во Република Македонија,

–  потврда за должината на работниот стаж по положен правосуден испит

–  уверение дека не е изречена мерка на безбедност, забрана на вршење професија, дејност или должност,

– меѓународно признат сертификат за активно познавање на еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик во смисла на член 44 став 1 од Законот за Академија.

–  потврда – сертификат за основно ниво на познавање на практична работа со компјутери (MICROSOFT OFFICE, INTERNET) .

– лекарско уверение согласно Правилникот за содржината и начинот на лекарскиот преглед за утврдување на општата здравствена спсособност, содржината и начинот на издавањето и важењето на лекарското уверение (,,Службен весник на РМ“, бр.19/95)

Рок и начин на пријавување 

Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е 15 (петнаесет) денасметано од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“.

Јавниот оглас, покрај во „Службен весник на Република Македонија“ се објавува и во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на огласната табла на Академијата и на интернет страницата на Академијата.

Образецот на пријавата, како и потребните документи, заинтересираните кандидати ги доставуваат лично до лицето овластено за прием во Академијата во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот. 

Подготвителна настава

Академијата организира подготвителна настава за сите пријавени лица за прием во почетна обука во Академијата.

Подготвителната настава се организира најмалку 45 дена пред денот на одржувањето на приемниот испит.

За датумот, местото и времето на одржувањето на подготвителната настава, навремено се известуваат сите пријавени кандидати, а информацијата се објавува и на интернет страницата на Академијата.