/ Прочитано:

628

Академија за судии и јавни обвинители: Семинар на тема „Меѓународна соработка во граѓански и трговски спорови“

Среда, 16 април 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија на ЕУ, организира семинар на тема: „Меѓународна соработка во граѓански и трговски спорови“.

Семинарот ќе се одржи на 16 и 17 април 2014 година во Скопје и истиот е наменет за судии од граѓанските и трговските оддели од сите инстанци и од сите апелациони подрачја.

Националниот систем на судска соработка во граѓанските и трговските спорови ќе гo презентира г-а Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Република Македонија, додека искуствата на ЕУ во рамките на темата на семинарот ќе ги презентираат: г. Ѓуро Сеса, судија на Врховен суд на Република Хрватска; г-а Нина Бетето, судија на Врховен суд на Република Словенија; г-а Мариа Луиса Мартин Моралес, виш судија од Шпанија и д-р Пим Албертс, советник во Одделот за судски систем при Министерство за правда на Холандија.

 Со поздравно обраќање до присутните семинарот ќе го отвори директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Анета Арнаудовска.