/ Прочитано:

2.107

Академик ја одржа втората обука од циклусот обуки за кривичното право, на која се говореше за главната расправа

Академик ја одржа втората обука од циклусот обуки за кривичното право, на која се говореше за главната расправа и за воведниот говор на јавниот обвинител и на одбраната. Освен тоа, на обуката се одржа и симулација на главна расправа, а беа реализирани и практични вежби за посочените теми.

Предавач на обуката беше Васка Николовска-Масевска од Основниот суд Скопје 1, која, исто така, ќе биде предавач и на обуките за студенти по право кои ќе се одржат 19 и 21 декември, на кои ќе се говори за пресудите и за редовните и вонредните правни лекови.

Во Законот за кривичната постапка, во одредбите за воведните говори, е пропишано дека главната расправа започнува со држење воведни говори. Прво зборува тужителот, а потоа бранителот или обвинетиот.

Во своите говори странките можат да изнесат кои решавачки факти имаат намера да ги докажуваат, да ги изложат доказите што ќе ги изведуваат и да ги определат правните прашања по коишто ќе расправаат.

Користејќи ги практичните искуства и законските појаснувања од судијката Васка Николовска-Масевска, студените на обуката посебно внимание посветија на практичните вежби во врска со подготовката на воведните говори и нивно презентирање на симулацијата на главна расправа.

Ова е најдобриот начин, истакна студентите, да добиеме знаења за самата главна расправа и за воведните говори, а истовремено и да ги консултираме законските прописи кои на мошне брз и практичен начин ги наоѓаме на Академика.

„За ваков тип обуки најважни се практичните вежби затоа што тие им даваат поента на практичните обуки. Судијката во своето предавања беше јасна и со голем ентузијазам се посвети кон темите за кои говореше. На следните обуки ќе се говори за пресудите и за редовните и вонредните правни лекови, па ќе имаме можност да ги заокружиме нашите новостекнати знаења од обуките во организација на Академик.“