/ Прочитано:

2.169

АКАДЕМИК ОБУКА: Изработка на документација и стандарди за работа со видеонадзорот (правото на приватност vs. правото на заштита на личните податоци – практични примери)

„Изработка на документација и стандарди за работа со видеонадзорот (правото на приватност vs. правото на заштита на личните податоци – практични примери)“ е темата на обуката која ќе се одржи на 1 март во просториите на најсовремениот едукативен Центар за практични обуки на Академик. Предавач на обуката ќе биде Игор Кузевски, генерален секретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ.

Игор Кузевски, генерален секретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ

Во првиот дел на обуката ќе се говори за изработка на документација за чување на личните податоци и за вршење на видеонадзор во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, ќе се дискутира за прашањата поврзани со воспоставувањето на видеонадзорот, известувањето за надзорот, техничките карактеристики на видеонадзорот, пропишаните стандарди и чувањето на видеоснимките.

На обуката ќе бидат презентирани и практични насоки за изработка на соодветна документација за работа со лични податоци и видеонадзор, а ќе стане збор и за повеќестраниот пристап кон дигиталните системи.

Во вториот дел на обуката ќе стане збор за она што е дозволено, односно за она што може да се прави при обработка на личните податоци преку систем за видеонадзор и за она што е недозволено, односно за она што не може да се прави.  Во таа насока, на обуката ќе бидат презентирани практични примери на законит видеонадзор и незаконит видеонадзор. Сивите зони во видеонадзорот и најчестите несакани грешки при видеонадзорот, исто така, ќе бидат предмет на елаборација на обуката, на која ќе се дадат и одговори на прашањето како до сигурен и законит видеонадзор.

Третиот дел на обуката е посветен на прашањето за употребата на видеонадзорот во јавни објекти/простори/површини, во државни институции и во приватни компании. Подетално ќе се разгледаат можностите за злоупотреба на видеонадзорот, забранетите практики, целта на користење на видеонадзор, видеонадзорот на работното место, одговорноста за точност и безбедност на податоците, остварувањето на правата на субјектот и контролирањето на снимките.

Последниот дел од обуката ќе се заокружи со интерактивна дискусија за сите прашања поврзани со темата. Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања за сите дилеми од практичното работење, а кои се однесуваат на видеонадзорот. Сето ова ќе се реализира со помош на Игор Кузевски, генерален секретар на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ, предавач на обуката во организација на Академик.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821. Во прилог погледнете ја агендата за обуката: