/ Прочитано:

4.093

АКАДЕМИК ОБУКА: Извршување поврзано со платата на работникот, форми на еднострано намалување на платата и враќање на работник на работно место, со судска пракса

„Извршување поврзано со платата на работникот, форми на еднострано намалување на платата и враќање на работник на работно место, со судска пракса“ е темата на обуката во организација на Академик, која ќе се одржи на 28 февруари во најсовремениот едукативен Центар за практични обуки на Академик.

Учесниците на обуката ќе се стекнат со комплетен преглед на стандардните и новите законски решенија од Законот за извршување и Законот за работните односи кои се однесуваат на намалување на платата на вработените во постапка за извршување, еднострано од страна на работодавачот и по согласност на вработените.

Санде Зиков, судија во Апелациониот суд Скопје

На обуката ќе бидат опфатени сите најдобри практики на извршителите со најголемо искуство во спроведување на овие постапки, како и сите ограничувања и гранични ситуации дефинирани во Законот, но и оние што произлегуваат од праксата.

Дополнително, учесниците ќе бидат запознаени со судската пракса поврзана со намалувањето на платата и извршувањето врз платата на вработените за да се стекне целосен увид во работно-правните аспекти на извршната постапка во тој дел на Законот.

Гордан Станковиќ, извршител

Во првиот дел на обуката ќе се даде преглед на Законот за извршување поврзан со платата на работникот, обврските на работодавачот и враќање на работникот на работното место. Во таа насока, на обуката ќе се говори и за:

  • извршување врз парични средства на вработениот;
  • ограничувања на извршувањето;
  • извршни дејствија;
  • налог за извршување врз плата;
  • извршување при престанок на работен однос;
  • обврски на работодавачот;
  • забрана по согласност на вработениот;
  • комуникација со работодавачот; писмена; достава на писмена;
  • запирање на извршување кога странка е правно лице (член 93 ст. 2);
  • извршување при неисплата на персонален данок и придонеси.

 Во вториот дел на обуката ќе се говори за судската пракса поврзана со едностраното намалување на плата заради извршување, по согласност на работникот, заради дисциплински мерки и враќање на работникот на работа во постапка за извршување, поконкретно за:

  • плата на вработениот, делови од плата;
  • еднострано намалување на платата од страна на работодавачот;
  • намалување на плата со дисциплинска мерка;
  • намалување на плата по согласност на вработениот;
  • извршување врз плата во постапка за извршување (судска пракса)

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821. Во прилог погледнете ја агендата за обуката: