/ Прочитано:

2.327

АКАДЕМИК ОБУКА: Проблеми поврзани со барањата за добивање согласност и законските решенија кои ги предлага СЈН за нивно надминување

Обуката ќе опфати низа практични примери, специфични неправилности и стандардни тендерски документации/технички спецификации. По оваа точка од предавањето, учесниците на обуката ќе имаат можност да слушнат за формално-правните недостатоци и за неправилностите кај критериумите за утврдување способност. Алексов во своето предавање ќе говори за потребата од подобрување на функционалноста во работењето на Советот за јавни набавки, како и за потребата од намалување на трошоците на постапката пред Советот за јавни набавки.

ОБУКА Академик центар

Темата на уште една обука од областа на јавните набавки, во организација на Академик, е „Проблеми поврзани со барањата за добивање согласност и законски решенија кои ги предлага Советот за јавни набавки за нивно надминување“. Обуката ќе се реализира во најсовремениот Центар за практични обуки во просториите на Академик, на 27 јануари со почеток во 10:00 часот.

Предавач ќе биде д-р Златко Алексов, член на Советот за јавни набавки, кој ќе презентира детални информации за содржината на барањето за добивање согласност во постапката за јавните набавки.

Во оваа насока, тој ќе ги запознае учесниците со тоа како да го изготват и како да го комплетираат барањето за добивање согласност во постапката за јавни набавки, ќе говори за стандардите за системите за квалитет на стоките, како и за утврдување на количините. Учесниците ќе бидат детално информирани за критериумите кои се пропорционални со предметот на набавка, како и за критериумите кои се директно поврзани со предметот на набавка.

Презентацијата на Алексов ќе опфати низа практични примери, специфични неправилности и стандардни тендерски документации/технички спецификации. По оваа точка од предавањето, учесниците на обуката ќе имаат можност да слушнат за формално-правните недостатоци и за неправилностите кај критериумите за утврдување способност. Алексов во своето предавање ќе говори за потребата од подобрување на функционалноста во работењето на Советот за јавни набавки, како и за потребата од намалување на трошоците на постапката пред Советот за јавни набавки.

Вториот дел на обуката ќе биде фокусиран на предлози за унапредување на законските решенија поврзани со постапката пред Советот јавни набавки и за идните активности на Советот. Учесниците ќе бидат информирани за законските одредби кои ги користи Советот при донесување на одлуките. Ќе бидат презентирани и неправилностите при изготвувањето и поднесувањето на барањата за добивање согласност, како и неправилностите при изготвувањето на техничките спецификации и критериумите за утврдување способност. Алексов ќе ги акцентира и предизвиците со кои се соочува Советот за јавни набавки.

Обуката ќе има интерактивен карактер, така што предвидено е време за прашања од страна на учесниците и за дискусија во врска со точките од обуката.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

График-СЈН-прегледан