/ Прочитано:

1.425

АКАДЕМИК ОБУКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НАМЕНЕТА ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ: Запознајте се со најновите измени на Законот за јавни набавки!

Четврток, 4 септември 2014 – На 3 октомври (петок) во Конференцискиот центар на Queen Hotel во трговскиот центар Зебра со почеток  во 10:00 часот ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА (РАБОТИЛНИЦА) за јавни набавки наменета за договорни органи, а во врска со имплементацијата и практична примена на одредбите од Законот за јавни набавки бр. 148/2013; 28/2014 и 43/2014, вклучително и најновите измени и дополнувања во Законот за јавните набавки.

На работилницата  ќе се разгледаат и дебатираат следните значајни прашања поврзани со јавните набавки:

  • Совет за јавни набавки – состав и функција, законски обврски на договорните органи во однос на Советот за јавни набавки вклучувајќи ги и најновите измени во Законот за јавните набавки.
  • Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавните набавки (вклучувајќи ги и најновите измени) во постапките за доделување на договори за јавни набавки: започнување на постапката, технички дијалог, тендерска документација, објава, Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН).
  • Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавните набавки (вклучувајќи ги и најновите измени) во постапките за доделување на договори за јавни набавки: евалуација, Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН), избор/поништување на постапката, завршување на постапката.
  • Постапување по жалби, Државна комисија за жалби по јавни набавки, казнени одредби (вклучувајќи ги најновите измени во Закон за јавните набавки).

Својствено на АКАДЕМИК ОБУКИТЕ, учество ќе земат реномирани обучувачи директно упатени во проблематиката и кои најсоодветно и најпрецизно ќе одговорат на зададените теми и прашања. Имаме задоволство да Ви ги претставиме:

– Маја Малахова, м-р  по правни науки  – Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

– Татјана Пешевска, дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје; Овластен Државен Ревизор; Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

– Ирена Стоименова, дипл.екк. – Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ; Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ; искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Закон за јавните набавки.

Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 1 октомври 2014 на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821!

– Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ – Бројот е ограничен на 30 учесници по обука! – Цената е за еден учесник за еден ден За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст! >>> Прилог агенда за обуката: