/ Прочитано:

1.699

Академик одржа еднодневна обука за јавни набавки наменета за договорни органи

Понеделник, 22 декември 2014 – Академик одржа уште една еднодневна Обука (работилница) за јавни набавки, наменета за договорни органи. Обуката беше во врска со имплементацијата и практичната примена на одредбите од Законот за јавни набавки, бр. 148/2013; 28/2014 и 43/2014, вклучувајќи ги и најновите измени и дополнувања во Законот за јавните набавки. Традиционално за Академик обуките и оваа обука заврши со огромно задоволство од присутните за начинот на кој реномираните предавачи го посветија своето излагање и внимание кон темата и прашањата кои нив најмногу ги засегнуваат и интересираат, а се од областа на јавните набавки за договорните страни.

Единствен е заклучокот дека работилницата беше проследена со голем интерес од страна на учесниците, а нивниот интерес придонесе да се развие интерактивна атмосфера во текот на работилницата, што само го надополни одличниот впечаток што го оставија предавачите со своите излагања и организацијата на обуката.

Убави импресии, квалитетни дискусии, умешни предавачи, корисен амбиент за размена на знаења и информации, беа само дел од коментарите на учесниците, кои искажаа големо задоволство што можеа да бидат дел од настан кој навистина помина низ инспиративни часови за професионална комуникација, интеракција и едукација.

Во таква креативна атмосфера на работилницата се дискутираа прашања за Советот за јавни набавки – составот и функцијата, законските обврски на договорните органи во однос на Советот за јавни набавки, вклучувајќи ги и најновите измени во Законот за јавните набавк,,потоа прашања за имплементацијата и практична примена на измените во Законот за јавните набавки (вклучувајќи ги и најновите измени) во постапките за доделување договори за јавни набавки: за започнувањето на постапката, за техничкиот дијалог, за тендерската документација, за објавата, за Електронскиот систем за јавни набавки.

Исто така, се дебатираше и за имплементацијата и практичната примена на измените во Законот за јавните набавки (вклучувајќи ги и најновите измени) во постапките за доделување договори за јавни набавки: за евалуацијата, за Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), за изборот/поништувањето на постапката, за завршувањето на постапката, а работилницата се заокружи со анализа на постапувањето по жалби, за активностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и  за казнените одредби (вклучувајќи ги најновите измени во Закон за јавните набавки).

Карактеристично за АКАДЕМИК обуките, и на оваа Работилница предаваа реномирани обучувачи директно упатени во проблематиката, кои најсоодветно и најпрецизно одговорија на поставените теми и прашања. Обуката започна со извонредната презентација на Татјана Пешевска, дипл. екк. раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор и сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Кон елаборацијата на Пешевска, одлично се надоврза излагањето на Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки, професионалец со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Предавањата се заокружија со излагањето  на Ирена Стоименова, дипл.екк. Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ; Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ; искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Закон за јавните набавки.

Учесниците на обуката најмногу се интересираа за практичните аспекти, деловна емпирија и процедурални елементи  од тематиката за јавните набавки за договорните органи, како и за начинот на кој треба да се применат одредбите од законските новитети во врска со јавните набавки, но не помал беше и интересот за искуствата во делот на правната заштита. Низ обуката се заклучи дека  искуствата на сите договорните органи со сите проблеми и можни решенија е основа за нивното понатамошно правилно постапување во реализација на постапките за доделување договори за јавни набавки согласно законските одредби, а таквиот интегрирачки модел на посуштинско запознавање и правилно постапување е присутен токму на обуките на АКАДЕМИК преку нивниот едукативен пристап и вмрежувањето на најнепосредните чинители.

Предавачите им честитаа на учесниците за одличната соработка и за учеството во креирањето на атмосферата за време на обуката, што придонесе за одличното заокружување на обуката. Своите позитивни впечатоци од обуката ги споделија и учесниците. Тие упатија пофални зборови за организацијата и за предавачите, кои, како што велат, умешно им ги објасниле сите нејасни работи и несебично им прикажале корисни примери од практиката. За тоа, впрочем, сведочат и нивните коментари:

Се работи за одлична обука, извонредни предавачки и дознавме многу практични деталки кои нам ќе ни бидат од извонредно значење во праксата“, вели Дијана Оровчанец од ЈП „Македонија пат“.

„Добра обука и организација. Се опфатија практичните моменти, а тоа нас и најмногу не интересира“, вели Јордан Дејанов од Централен регистар на Р.М.

„Ми се допадна начинот на објаснување на работите“, вели Дитмире Шеху од Општина Гостивар.

„Обуката е супер, дознавме многу повеќе. Интересно беше да се случнат предавачките и добро е што се тие од праксата, знаат повеќе за примената на законските решенија, а и добро е што ни дадоа и примери од областа.“, вели Шенаси Мемиши, Општина Тетово.

 „Обуката се покаќа како мошне корисна, предавачките убаво образложуваа“, вели Александра Трајковска, Министерство за образование и наука.

 „Убаво обмислено со корисни предавања“, вели Дејан Здравков, JУ „Меѓуопштински центар за социјална работа“ – Штип

 „Многу добра обука. Убава организација. Суштински се образложија работите и задоволен сум“, вели Никола Крстевски од Филолошки факултет „Блаже Конески“.

 „Добро образложено, убава е обуката. Корисна!“, вели Магдалена Георгиевска од ЈП „Македонија пат“.

„Обуката навистина беше одлична“, вели Наде Цветкоска, од Државна лотарија на Македонија.