/ Прочитано:

1.767

Академик одржа еднодневна практична обука за новиот Закон за извршување

Академик денеска одржа еднодневна практична обука за новиот Закон за извршување. Со Законот за извршување се уредуваат правилата според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, присилното извршување на одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска, како и врз присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон.

akademik foto 1

Донесувањето на целосно нов Закон за извршување е во насока на прецизирање на законските одредби во делот на постапувањето на извршителите при спроведувањето на извршувањето, надминување на различните постапувања од страна на извршителите, како и пропишување на јасни законски одредби за ефикасно спроведување на извршувањето. Според очекувањата и поставените законски цели, новиот Закон за извршување ќе донесе придобивки за сите учесници во извршувањето.

???

Во таа насока, на денешната обуката во организација на Академик, се говореше за најактуелните прашања кои произлегуваат  од новиот Закон за извршување, а во контекст на заштитата на позицијата на должникот во постапката, извршувањето врз недвижности, извршување со блокирање на сметка во банка, извршување врз плата на должник, обврската на работодавачот за известување на извршителот, како и вонсудската наплата на побарувањата.

akademik foto 1

Исто така, на обуката стана збор и за практичното спроведување на новините во извршната постапка, и тоа во поглед на новата улога на адвокатите во извршната постапка,  одлагањето, запирањето и прекинот на извршување, физичката делба, наплатата на извршни трошоци, правото на приговор, жалба и тужба, изземањето на извршител, присуството на полицијата, полнолетни сведоци и нотар и задолжителното регистрирање на залог врз подвижни предмети во Заложниот регистар.

akademik foto 1

Предавачи на обуката беа Снежана Фитеска и Гордан Станковиќ, едни од најискусните извршители, со долгогодишна  пракса во извршната постапка, кои  на учесниците на обуката најпрво им ги презентираа своите видувања за позначајните новини од Законот за извршување, кој треба да стапи во примена на почетокот од 2017 година.

akademik foto 1

Извршителите подвлекоа дека во новото законско решение за извршувањето, за разлика од претходните измени на законскиот текст, има значајни промени во неговиот статусен и процесен дел, промени во однос на извршувањето врз подвижни предмети и во однос на извршувањето на недвижностите, проширувањето на извршителската надлежност што се согледува во правото и обврската на  извршителот да  постапува во предмети за обезбедување на материјални докази, нешто што сега го прави судот пред почнување на постапката, како и надлежноста на извршителот да врши продажба на подвижни и неподвижни предмети во рамки на стечајна постапка.

akademik foto 1

„Многу важна новина е воведувањето на вонсудската наплата како обид да се намалат трошоците во постапувањето и како обид и понатаму да се дисциплинираат должниците за уредно и за навремено враќање на долговите“, истакнаа предавачите на обуката.

akademik foto 1

Извршителот Гордан Станковиќ посочува дека со новиот Закон за извршување ќе се надминат проблемите што ги предизвикува во праксата постојниот Закон за извршување, кој има бројни недоречености, противречности и контрадикторности, што всушност е законската цел на новиот Закон.

???

На денешната обука се разви интерактивна дискусија за повеќе прашања од новиот Закон за извршување, особено во поглед на променетите околности, обврските, постапките и сите дилеми во врска со страните во постапката. Интерактивната дискусија, велат учесниците, и можноста да се добијат јасни одговори во врска со практичната обука се најголемата предност на обуките кои ги организира Академик.

akademik foto 1

„Да се биде дел од обука на која предаваат едни од најискусните извршители, со долгогодишна пракса во извршната постапка, за нас не само што претставува одлична едукација во поглед на новините во извршната постапка, туку и можност да размениме мислења и прашања во однос на она што значи практична примена на Законот за извршување“, нагласија учесниците на обуката.

Исто така, на обуката за Законот за извршување, сите учесници искажаа интерес и за најновиот „Коментар на Законот за извршување“ од проф. д-р Кирил Чавдар. Ова корисно издание на Академик со задоволство ќе биде дел од нашата правна литература, подвлекоа учесниците на обуката.

„Бев и на мината обука. И оваа обука е одлична како и минатата. И тогаш извршителот Гордан Станковиќ имаше одлично предавање. На обуката се расчистија повеќе дилеми кои се наметнуваат низ праксата и имавме можност да дискутираме за новините во Законот, а особено во однос на она со коешто се соочуваме низ практичното работење како доверители “ –  Александар Давчевски, „Еуростандард банка“.

„Од она што го слушнав на обуката, би рекол дека на многу јасен начин беа елаборирани новините во Законот за извршување“, Кирил Чавдар, судија и професор.

„Добра беше обуката. Извршителот Гордан Станковиќ имаше многу практично  излагање, што е голема предност бидејќи, нели, сите знаеме да ги читаме законите. Во таа смисла, низ практичното излагање на Станковиќ се разјаснија многу прашања кои се наметнуваат низ практиката“, Живка Ивановска, Цементарница „Усје“.

„Одлично реализирана обука, на која имаше добри предавања за новините во Законот за извршување. Се говореше за многу законски одредби, но и за тоа како практично да се применат тие одредби“, Нешат Алимовски, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„За обуката може да се каже дека беше многу корисна и многу значајна од практичен аспект. Но, треба да се нагласи дека секогаш кога се носат олку важни законски решенија се јавуваат и дилемите како да се спроведат тие решенија низ праксата и какви се очекувањата од нивната примена. Во следниот период, значи, откако ќе почне да се применува Законот за извршување, потребно е да има уште обуки за да се видат привичните искуства низ праксата од кои, секако, ќе се извлечат некои заклучоци кои ќе бидат интересни за дискусија“, Ана Атанасовска, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„Задоволни сме од обуката. Се работи за нов закон за кој се потребни стручни образложувања за сите аспекти на самата извршна постапка, како што впрочем беше случајот и со оваа обука во организација на Академик“, Вера Димитриеска, Народна банка на Република Македонија.

„Добра беше обуката и имаше корисни предавања и интересни презентации. Многу од работите кои се кажаа на обуката од страна на извршителите се во насока на соодветно применување на новините од Законот за извршување“, Свето Смиљковиќ, Осигурување Македонија АД Скопје, ВИГ.

На обуката се говореше за новиот Закон за извршување и за спроведувањето на извршната постапка во контекст на новите законски одредби. Се говореше и за правилата според кои извршителите ќе постапуваат според тие одредби, а во поглед на извршувањето врз недвижности, извршување со блокирање на сметка во банка, извршување врз плата на должник и ред други прашања“, Ирена Спасеноска, ИГМ „Вратница“.

„За обуката имам пофални зборови. Имаше интерактивна дискусија, се поставуваа прашања на кои се добиваа јасни одговори во врска со сите дилеми со кои би се соочиле страните во извршната постапка“, адвокат Душица Спасеноска.

„На обуката се говореше за најактуелните теми кои се однесуваат на Законот за извршување. Се кажаа многу практични примери, а особено се говореше и за вонсудската наплата на долгови  кои се однесуваат на долгови кои произлегуваат од комунални услуги“, Евица Џајковска-Јанкоска, „Алма М“ ДООЕЛ Скопје.

„Многу практична обука и корисна во таа смисла. Се опфатија сите законски аспекти кои се однесуваат на поефикасното остварување на правата на граѓаните и правните лица, како и сите учесници во постапката пред извршител“, Марија Стојанова, ЈП „Плаваја“ Радовиш.