/ Прочитано:

2.349

Академик одржа обука за актуелните прашања од областа на Катастарот во врска со сопственоста, адресниот регистар, масовната процена и 3Д-сопственост за нови бизнис-можности

„Сосопственост или заедничка сопственост на градежното земјиште при продажба на станови, адресен регистар, масовна процена и 3Д-сопственост за нови бизнис-можности“, беше темата на обуката што денес ја одржа Академик.

На денешната обука во организација на Академик, пред голем број присутни учесници, се говореше за актуелните теми поврзани со новините во Катастарот кои се однесуваат на прашањата за сосопственоста или заедничката сопственост на градежното земјиште при продажба на станови, во согласност со новиот Закон за градење, потоа за новините што се однесуваат на адресниот регистар, масовната процена, како и 3Д-сопственоста, како перспектива за нови бизнис-можности.

За темата на обуката „Сосопственост или заедничка сопственост на градежното земјиште при продажба на станови, во согласност со новиот Закон за градење, адресен регистар, масовна процена и 3Д-сопственост за нови бизнис-можности“ говорea Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности и Јован Трпевски, државен советник во Агенцијата за катастар на недвижности.

Во првиот дел на обуката се елаборираа прашањата за сопственоста (дефиниција/подоблици), видовите сопственост во согласност со Законот за сопственост и други стварни права и стекнувањето право на сопственост, во согласност со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште, вклучувајќи ги и измените на законот.

Во вториот дел на обуката се говореше за повеќе актуелни прашања што предизвикуваат дилеми низ практичното работење, а тоа се прашањата за сопственоста од аспект на Законот за градежно земјиште и од аспект на други  закони или други правни акти.

На обуката се дискутираше и за прашањето за отуѓување на градежното земјиште во согласност со новиот Закон за градење при продажба на стан.

Во таа насока, на обуката беа дадени и практични насоки за постапување со веќе запишаните/утврдените права на сопственост на  градежното земјиште, при спроведување на договор за продажба на стан каде што задолжително предмет на договорите е и градежното земјиште.

Во таа насока, на обуката стана збор и за интерните акти за постапување на Агенцијата.

Во третиот дел на обуката се говореше и за прашањата за адресниот регистар, масовната процена и 3Д-сопственоста.

Последниот дел на обуката беше проследен со интерактивна дискусија во врска со сите прашања што беа тема на презентацијата на реномираните предавачи.

Законот за систем на адреси, вели директорот на Катастарот Славче Трпески, е една од позначајните новини на која интензивно се работи.

За таа цел, наскоро ќе биде промовиран овој новитет, за кој денес непосредно можеа да слушнат и учесниците на обуката.

Основната цел поради која се предлага Законот за систем на адреси, појаснува Трпески, е во насока на воспоставување стандардизиран систем за адреси со интегрирани графички и атрибутни податоци, кој еднозначно ќе ја определи локацијата на адресата.

Со овој значаен законски новитет ќе се уреди надлежноста на Агенцијата за катастар на недвижности во насока на воспоставување на системот на адреси.

Учесниците на обуката велат дека се презадоволни од изборот на темата за обуката, со оглед на фактот дека се работи за прашања што имаат голема улога во ефикасноста на нивното практично работење.

Корисноста на една обука, коментираат учесниците, се огледа преку нејзината интерактивност.

Колку што е таа поинтерактивна, како што е случајот со оваа обука, толку е покорисна за слушателите.

Предавачите, нагласуваат учесниците, имаа квалитетни презентации и на јасен и исцрпен начин говореа за актуелните прашања од областа на катастарот и прописите, кои се во релација со тековното работење на катастарот.

Се работи за мошне актуелна тема која на оваа обука беше презентирана и објаснета на најдобар начин.

На обуката можеа да се добијат многу информации и многу концизни образложувања.Учеството на оваа обука, додаваат учесниците, е голем придонес за нас.

Сосопственост или заедничката сопственост на градежното земјиште при продажба на станови, како и масовната процена, се прашања што предизвикуваат голем интерес, не само од аспект на законските решенија, туку и од аспект на нивната примена и улогата на Катастарот во таа насока“, Кире Доневски, Општина Аеродром.

„Одлична обука, многу корисна. Темата на обуката е добро избрана, се работи за прашања што најдобро може да бидат образложени на еден ваков вид настан“ – Билјана Маркоска, Скопски пазар АД Скопје.

„Многу убаво осмислена обука со убаво замислен концепт и реализација. Предавачите се одлични, убаво ги образложуваат темата и актуелните прашања што се однесуваат на Катастарот“ – Соња Миленкова, Општина Битола.

„Презадоволна сум од обуката, многу е практична и интерактивна со јавни предавања. Покрај тоа што има осврт на законските новитети, се даваат и примери од практиката“ – Пепита Стојковска, Општина Велес.

„Корисноста на една обука се огледа преку нејзината интерактивност. Колку што е таа поинтерактивна, како што е случајот со оваа обука, толку е покорисна за слушателите, односно за учесниците на обуката. Во таа насока, позитивно ја оценувам оваа обука“ – Златко Бојаџиев, Општина Ѓорче Петров.

„Обуката е корисна, има корисни образложенија за темата, има многу дискусија и интерактивност. Задоволни сме од начинот на предавањата и од агендата на обуката“ – Дарко Миленковиќ и Светлана Курјак, Комерцијална банка АД Скопје.

„Супер е обуката. Практична, интерактивна, со многу примери од практиката, но и со многу дискусии за тековните проекти на Катастарот, но и за законските измени што ќе се применуваат. Со тоа се дава еден поинаков квалитет на обуката, бидејќи ексклузивно може да се слушне за новините што ќе се имплементираат“ – Николче Мушаревски, Министерство за одбрана.

„Обуката беше успешно реализирана. Предавачите беа одлични и имаа извонредни предавања и презентации. И во иднина ќе биде задоволство да се присуствува на квалитетните обуки на Академик“ – Петар Луковски, Град Скопје.

„Прекрасна обука! Интересна и сеопфатна. Учеството на оваа обука е голем придонес за нас во практично-едукативна смисла и сите појаснувања што беа дадени на оваа обука се разбира дека ќе ги примениме низ практичното работење“ – Христина Михајловска, Уни банка АД Скопје.

„Интересна и корисна е обуката, се разви обемна дискусија за сите прашања, особено во делот посветен на меѓусебната размена на искуства и мислења за прашањата што се предмет на обуката“ – Варвара Дуковска, ЕВН Македонија.

„Одлична е обуката. Можеа да се добијат многу информации и многу концизни образложувања за сопственоста, за заедничката сопственост на градежното земјиште при продажба на станови. Корисни беа и образложенијата за масовната процена, како и за адресниот регистар“ – Лилјана Гавриловска-Ристоска, Боргас ДОО Скопје.

„На обуката се говори за значајни и актуелни прашања. Се работи за тема која е суштинска и за која се потребни ваков тип советувања. Задоволен сум од обуката“ – Перо Јанкуловски, Извршител Гордан Станковиќ.