/ Прочитано:

2.015

Академик одржа обука за изработка на документација и за стандардите за работа со видеонадзорот

„Изработка на документација и стандарди за работа со видеонадзорот (правото на приватност vs. правото на заштита на личните податоци – практични примери)“ беше темата на обуката која се одржа денеска во просториите на најсовремениот едукативен Центар за практични обуки на Академик. Предавач на обуката беше Игор Кузевски, генерален секретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ.

 Во првиот дел на обуката, предавачот Игор Кузевски говореше за изработка на документација за чување на личните податоци и за вршење на видеонадзор во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, на обуката се дискутираше за прашања поврзани со воспоставување на видеонадзорот, известување за надзорот, техничките карактеристики на видеонадзорот, пропишаните стандарди и чувањето на видеоснимките.

Во однос на правилата за видеонадзор, на обуката беше потенцирано дека одговорното лице за видеонадзор мора да ги информира сите што ќе влезат во полето на снимање (видокруг) дека просторот се снима, преку истакнување на известување кое мора да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти на лични податоци да се запознаат со вршење на видеонадзорот.

Предавачот Кузевски подвлече дека известувањето мора да ги содржи информациите дека се врши видеонадзор, мора да содржи информации во однос на името, односно називот на контролорот (одговорното лице) штого врши надзорот.

Исто така, известувањето мора да ги содржи и информациитеза начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

На обуката беа презентирани и практични насоки за изработка на соодветна документација за работа со лични податоци и видеонадзор, а стана збор и за повеќестраниот пристап кон дигиталните системи.

Во вториот дел на обуката стана збор за она што е дозволено, односно за она што може да се прави при обработка на личните податоци преку систем за видеонадзор и за она што е недозволено, односно за она што не може да се прави. Во таа насока, предавачот Кузевски на обуката презентираше практични примери на законит и незаконит видеонадзор.

Сивите зони во видеонадзорот и најчестите несакани грешки при видеонадзорот, исто така, беа предмет на елаборација на обуката, на која во тој контекст се говореше за прашањето како да се обезбеди сигурен и законит видеонадзор.

Третиот дел на обуката беше посветен на прашањето за употреба на видеонадзорот во јавни објекти/простори/површини, во државни институции и во приватни компании. За таа цел, предавачот Игор Кузевски подетално се осврна на можностите за злоупотреба на видеонадзорот, забранетите практики, целта на користење на видеонадзор, видеонадзорот на работното место, одговорноста за точност и безбедност на податоците, остварувањето на правата на субјектот и контролирањето на снимките.

Последниот дел од обуката се заокружи со интерактивна дискусија за сите прашања поврзани со темата. Учесниците имаа можност да поставуваат прашања за сите дилеми од практичното работење, а кои се однесуваат на видеонадзорот.

Интерактивната атмосфера и одличната презентација на генералниотсекретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ ја карактеризираат оваа обука, истакнуваат учесниците и слушателите на денешниот практично-едукативен настан.

Јас лично сум презадоволна од денешната обука, постојано ги посетувам бидејќи во голема мера ми користат во работењето. За одржувањето на секоја обука што ја организира Академик, редовно добиваме електронска пошта, така што постојано сме во тек со правните трендови. Сите обуки, без исклучок, се практични, интерактивни и многу корисни бидејќи на многу едноставен начин предавачите ни ја симплифицираат материјата што се презентира, вели Емилија Саздов-Руменова, советник за стандардизација и службеник за заштита на лични податоци од компанијата КИБС.

Со оглед на фактот што сум нова на полето на заштитата на лични податоци и полека навлегувам во проблематиката, ова е прва обука на која присуствувам. Затоа, би сакала да потенцирам дека организацијата на Академик е на највисоко ниво, предавачот многу пластично ни ја презентира материјата и сигурна сум дека сето ова ќе придонесе во моето понатамошно работење, истакна Ангела Саздова- Донева, службеник за заштита на лични податоци во Централен регистар на Република Македонија.

Многу нешта што ги слушнавме на денешната обука ќе ги практикуваме со цел да работиме во согласност со Законот за лични податоци и новите регулативи. Предавачот има големо искуство во оваа проблематика така што оваа обука ќе биде многу корисна за понатамошното работење во фирмата во која сум вработена, потенцираше Блажена Зафировска, од ТАБ МАК – Пробиштип.

Очекував дека обуката за заштита на личните податоци што денеска ја организираше Академик ќе биде на ниво на кое е професионално организирана. Сето она што е потребно за примена на Законот за лични податоци предавачот солидно го презентира, така што ние понатаму успешно ќе ги применуваме одредбите на тој закон. Во рамки на ова предавање, дознаваме и некои работи што не сме ги знаеле досега, не сме ги применувале или пак несоодветно сме применувале некоја одредба од законот. Се работи за полезно предавање од кое, конкретно во мојата фирма, би биле пожелни овие податоци, нагласи Велко Тилевски од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Прв пат доаѓам во Академик и воодушевена сум од сѐ. Начинот на предавање е одличен, застапен е и теоретски и практичен дел, при што предавачот користи многу примери за полесно да ја утврдиме проблематиката. Токму од денешната презентација можам да констатирам одредени пропусти во моето досегашно работење, особено во документацискиот дел, а тука имавме можност да добиеме практични теркови на документацијата со која секојдневно работиме. Затоа велам дека ова е прекрасно искуство, вели Елена Минова од компанијата ДБ Шенкер.

Досега сум присуствувал на неколку обуки и како и секогаш, и оваа обука е одлично организирана. Програмата е одлична, добри се точките што се опфатени во самата презентација. Дел од тоа што денеска го слушнавме, го практикуваме веќе во нашата организација, но постојат и одредени нешта кои или сме ги подзаборавиле или има и нешто ново кое треба да почнеме да го применуваме во нашите правилници, истакна Дејан Хаџи Крстески од ЕВН.

Предавањето е многу корисно, особено што предавач е човек од Дирекцијата за заштита на личните податоци, кој е директно инволвиран во оваа област и кој има навистина огромно искуство. Интерактивноста штобеше постојано присутна во текот на предавањето и размената на искуствата, за нас имаат огромно значење, истакна Горан Ѓорѓиевски од Комерцијална бана АД Скопје.