/ Прочитано:

2.215

Академик одржа обука за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори

Академик денеска одржа практична еднодневна обука за јавни набавки, наменета за договорни органи и економски оператори, на тема „Размена на искуства и практични примери со цел правилно спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки во согласност со одредбите од ЗЈН“

akademik foto

На денешната обуката се дискутираше за прашањата поврзани со подготовката на техничките спецификации со користење на мерливи барања и за законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

foto akademik

На обуката беа презентирани и образложени многубројни  практични примери, проследени со објаснување на целокупната процедура за спроведување на комплетната постапка за доделување на договор за јавна набавка со користење на е-средства, како и за задолжителното објавување на определени видови постапки за јавни набавки со користење на е-средства, регистрација и објава на огласи во TED, е-поштенско сандаче, е-потпис и е-архивирање.

akad 4

Исто така, на обуката стана збор и за најчестите и актуелни проблеми во таа насока, како што е подготвувањето на техничките спецификации со користење на мерливи барања и услови.

akademik foto

Воедно, беа споделени досегашните практични искуства и беше укажано на најчестите грешки, но и на конкретните упатства за дефинирање на критериумите за способност.

foto akademik

Предавачи на обуката беа реномираните обучувачи: Маја Малахова, м-р  по правни науки  и претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Татјана Пешевска, дипл. ек., раководител на внатрешна ревизија и овластен државен ревизор и Ирена Стоименова, дипл. ек., советник за комерцијални работи, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

akad 7

Учесниците на обуката велат дека понесуваат одлични впечатоци од обуката, нагласувајќи дека предавањата биле извонредни, проследени со креативна интерактивна атмосфера и едукативна размена на искуства во насока на правилното спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

„Обуките на Академик се препознатливи. Она што го издвојувам како предност на овие обуки, а што е и мојот најголем впечаток од оваа обука, се интерактивните дискусии и презентацијата на голем број практични примери“, Кире Доневски, Општина Аеродром.

„Многу е корисно што на јасен и на методичен начин се даде осврт на справувањето со ситуациите на жалбените постапки. Образложувањата на прашањата во врска со овие ситуации навистина беа убаво предочени“,  Ања Ујдур и Ана Соколовска, МАНУ.

„Обуките на Академик држат една традиција на квалитет. Тоа се потврди и денес. Презадоволни сме од денешната обука. Се добија одговори на поставените прашања, предавачките имаа одлични дискусии. За пофалба е и интерактивната атмосфера“ – Димитар Ванчов, Данило Данилов, Марко Бошковски, Фонд за здравствено осигурување.

„На обуката се разгледаа многу суштински прашања што се од интерес за практичното работење, и може да се констатира дека тоа беше направено на одличен начин што буди посебен интерес кај публиката“,  Ивана Ристевска, Трансмет ДОО – Скопје.

„Прекрасна обука, извонредни предавачки. Премногу сме задоволни од предавачките, од организацијата и од дискусијата“, Весна Танеска,  Шумарски факултет, УКИМ.

„Обуката беше одлично реализирана. Имаше подготвени предавачки, кои одлично ја познаваат материјата. Доколку повторно има обука за оваа тематика, повторно би бил овде. Одлична организација на Академик“, Бојан Тумановски,  Гранит АД, Скопје.

„Задоволен сум до обуката. Мошне јасно и прецизно се дискутираше за темата“, Владимир Ивановски, Балкан енерџи груп.

„Феноменална обука. Од ‘Македонија пат’ бевме присутни повеќемина и повторно ќе бидеме присутни за да ги слушнеме извонредните предавања на посветените предавачки“, Ајше Дода, Дијана Оровчанец, Магдалена Ѓеоргиевска, Руска Хаџиманова и Викторија Бојковска,  ЈП Македонија пат.

„Ми се допадна обуката. Предавачките беа подготвени и имаа корисни предавања за нас. Коментарите на учесниците се позитивни и за предавањата и за организацијата. Имаше време и за прашања. Предавачките останаа и дополнително за да разговараат со нас за нашите прашања и дилеми“, Шенол Имери, Општина Маврово Ростуше.

„Обуката беше солидна и, еве, сега коментираме со колегите дека Академик, како одличен организатор, и денешните предавачки, кои на најдобар можен начин разјаснија многу важни прашања, заслужуваат да бидат пофалени“, Снежана Јовановска – Ацева, Агенција за вработување на Република Македонија.