/ Прочитано:

1.440

Академик одржа обука за јавните набавки од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата

Денеска Академик реализира уште една практична обука посветена на јавните набавки, но овој пат од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата.

akad 2

На денешната обука на тема „Јавните набавки од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата“ се говореше за соодветно комплетирање на тендерската документација со цел добивање согласност од Советот за јавни набавки, потоа за најчестите причини поради кои Советот за јавни набавки ги одбива поднесените барања, како и за вообичаените грешки при спроведувањето на електронскиот систем за јавни набавки.

akad 2

Исто така, на обуката стана збор и за импликациите врз јавните набавки при донесување на привремена мерка за суспендирање на изборниот процес, како и за организирањето и спроведувањето на јавните набавки во предизборниот период.

akad 2

Предавачи на денешната обука беа д-р Златко Алексов, член на Советот за јавни набавки и д-р Игор Тантуровски, како специјален гостин.

akad 2

Во своите предавања, предавачите првенствено се осврнаа на улогата на Советот за јавни набавки во спроведувањето на јавните набавки, но и за активностите за спречување на корупцијата во јавните набавки кои ги спроведува Државната комисија за спречување на корупцијата.

akad 2

Членот на Советот за јавни набавки д-р Златко Алексов истакна дека Советот се грижи за доследна примена на начелата на Законот за јавните набавки и дека влијае на подобрувањето на бизнис-климата, зголемувањето на довербата во државните институции и, како што подвлече, прекинувањето на спрегите кај одредени договорни органи со економските оператори.

akad 2

„Советот е само еден од предусловите за зголемување на конкуренцијата во државата како најголем стопанственик“, истакна Алексов.

akad 2

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски истакна дека од аспект на надлежностите што ги има Државната комисија за спречување на корупцијата во делот на Законот за спречување на корупција и во делот на Изборниот законик, кои се однесуваат за предизборниот и изборниот период, ДКСК постапува пред сè според членот 11 од Законот за спречување на корупција и членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик, но и според други членови од споменатите закони кои и` даваат надлежност на ДКСК.

akad 2

„Во рамките на овие надлежности, при почетокот на изборните активности, ДКСК како колективно тело на барање на Генералниот секретаријат на Владата издаде насоки во форма на мислења до сите државни органи во врска со постапувањето, не само во делот за јавните набавки, туку и пошироки препораки со цел да се избегнат бројни прашања кои би се однесувале на истата сфера, а за сите институции“, рече Тантуровски.

akad 2

Претседателот на Комисијата за спречување на корупцијата истакна дека за време на мандатот на составот на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници не постои законска пречка да се реализираат јавните набавки предвидени во Годишниот план за јавни набавки, а во согласност со Законот за јавни набавки, за кои се предвидени средства.

akad 2

„Од денот на донесување Одлука за распишување избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија не постои законска пречка јавните набавки предвидени во Годишниот план за јавни набавки (согласно со Законот за јавни набавки) за кои се предвидени средства, да се реализираат (без да се прават измени во планот за јавни набавки)“, појасни Тантуровски.

akad 2

Учесниците на обуката коментираат дека на денешната обука можеле да слушнат исцрпни и корисни предавања посветени на тематиката на јавните набавки од аспект на Советот за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Денешната обука беше многу корисна и можеа да се слушнат корисни предавања во врска со јавните набавки“ – Павле Биков и Марина Куцирова, ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија

„Одлична обука, со многу успешни предавања. И претходно сум имала можност да го слушан предавачот Златко Алексов и навистина е одличен“, Билјана Сарагинова, Општина Аеродром.

„Првпат сум на обуките на Академик и можам да кажам дека се одлични. Се разгледаа и се дискутираа многу прашања во врска со јавните набавки. За мене најважно е што има многу интерактивна дискусија и тоа е она што сакам да го потенцирам како квалитет на оваа обука“, Бобан Јоноски, ЈЗУ ГОБ „Осми септември“.

„Презадоволна сум. Буквално од сè. И од предавачите и од организацијата и од самиот амбиент. Едноставно сè беше како што треба и како што треба да биде реализиран еден ваков настан“, Ивана Ѓоргова, Агенција за планирање на просторот.

„Секогаш е во ред да се слушнат новините во практиката, да се дознаат новите работи посебно во делот на јавните набавки. Така беше и на оваа обука, која беше одлично реализирана“, Славко Мицевски, Агенција за катастар на недвижности.

„Супер беше осмислена обуката, предавачите убаво ја образложија темата. Беше интересно и интерактивно“, Сашо Митковски, Општина Ѓорче Петров .

„Генерално, обуката беше добра, се расчистија сите дилеми кои ги имавме, особено со првиот предавач кој и првпат го слушам на обука, а веќе вториот предавач сум имал можност да го слушам и тој имаше одлично предавање“, Фета Ибрахими, Агенција за катастар на недвижности.

„Задоволен сум од обуката, од предавањата, од самата организација. Слушнавме корисни предавања кои ќе ни бидат од полза во праксата“, Перица Спасевски и Владимир Наумоски, ЈП за државни патишта.

„Многу работи се разјаснија за јавните набавки од аспект на Антикорупциската комисија. Предавањата беа исклучително јасни и корисни. И после такви предавања неминовен е позитивниот впечаток“, Слободан Марјановиќ, Регулаторна комисија за енергетика.

„Добра беше обуката, понесуваме добри искуства и повеќе знаење, се разбира“, Мевљане Љатифи, „Даути Комерц“.