/ Прочитано:

1.837

АКАДЕМИК одржа обука за најактуелните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

Вторник, 30 септември 2014 – На 25 септември  се одржa еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА за најактуелните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

Со голем број на учесници, обуката помина низ мошне креативна и конструктивна атмосфера, со дискусии и интерактивна дебата, а можеше да се забележи несомнениот интерес за двете актуелни теми кои низ темелна елаборација дадоа одговор на многу прашања од суштинско значење за практичната примена на законодавството во овој сегмент. Учесниците не го криеја своето задоволство од успешната обука, акцентирајќи дека многу нешта се разјасниле со едукативниот приод на толкување на законските новини, кои, овој пат беа надополнети и со анализа и елаборација на подзаконските акти од оваа проблематика.

Поаѓајќи од реалната слика за суштинско запознавање со законските новини на АКАДЕМИК ОБУКАТА се отворија токму прашањата кои внесуваат најмногу забуна при толкувањето на законските прописи, но и прашањата како всушност овие законски измени ќе се применуваат во пракса.

Имено, на обуката  се разгледаа и дебатираа значајните прашања во однос на ноовините во законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници, вработување и подготовка  на акти за организација и ситематизација на работни места за вработените во јавниот сектор и административните службеници, управување со ефектите на административните службеници; дисциплинска и материјална одговорност на вработените во јавниот сектор и административните службеници.

Покрај тоа, се дискутираа, образложуваа и објаснуваа неколкуте подзаконски акти од оваа област, затоа што, како што и рекоа предавачите на Обуката, Југослав Ѓорѓиевски – управен инспектор во раководител на Сектор во Министерството за информатичко општество и администрација и Љубомир Младенов – раководител на Сектор во Министерството за информатичко општество и администрација, токму со помош на подзаконските акти, како и на самите закони, на учесниците на обуката ќе може да им се понуди попрактичен пристап во подготовката за примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

Првиот предавач, Југослав Ѓорѓиевски, на почетокот се осврна на самата потреба за донесување на овој сет закони, кои, како што рече, се непоходни за реформирање на администрацијата и јавниот сектор. Сублимираните прашања како дефинициите, предметот на законот, класификацииите, пополнувањето на работните места, вработувањето, усовршувањето, оценувањето, дисциплинската одговорност, материјалната одговорност и платите беа предмет на елаборација на предавачот, кој одделно на секој заинтересиран учесник му одговараше за сите нејаснотии кои ги има во врска со  законските одредби и одредбите од подзаконските акти.

„Сите овие заложби се во функција на реформирање на јавната адмнинистрација и вработените во јавниот сектор. Прашањата кои се регулираат се резултат на исцрпна работа и методологија. На почетокот на вакви реформи очекувано е да постојат нејаснотии, секако и прашања кои понатаму дополнително ќе се разгледуваат, но потенцирам дека овие обуки се од исклучително значење за запознавање и со законите и со процесите“, резимираше Ѓорѓиовски додавајќи дека Обуката доследно ги разјасни дилемите на учесничката публика на обуката, составена од правници, раководители, административни службеници, вработени во јавни институции, претпријатија и служби, универзитетски професори и лекари, значи еден широк спектар на профили кои го карактеризираат спектарот на јавниот сектор.

Кон излагањето на управниот инспектор Ѓорѓиевски одлично се надоврза, исто така, мошне корисното предавање на Љубомир Младенов, кој пак детално се осврна кон Управување со ефектот, дисциплинска и материјална одговорност, а учесниците пројавива исклучителен интерес за прашањата поврзани со зададената тема. Имено, начините на управувањето, следењето и оценувањето на ефектот беа едни од најчестите прашања кои беа поставувани до Младенов, кој низ интерактивна методика ги заокружуваше своите презентации и објаснувања за бројните дилеми околу законските и подзаконските прописи.

„На сите прашања на учесниците им одговорив, им укажав како да ги толкуваат и применуваат одредбите и јасно е дека по овој систем на едукација и обуки може и доследно да ја прифатат и дознаат реформата. По реакциите на учесниците, сметам дека ги образложивме клучните дилеми и се надевам дека во иднина повторно ќе имаме можност директно да се соочиме и да ги расчистиме проблемите, а се со цел законските новини исправно да се применуваат, а со тоа и реформата да вроди со плод“, резимираше Љубомир Младенов, кој обуката ја оцени како одлична.

Присутните констатираа дека актуелноста на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници произлегува од многуте новини кои ги пропишуваат истите, што, како што истакнаа, ја наметнува потребата од одржување на практични обуки на која што преку практични примери, прашања и одговори, стручна и компетентна елаборација ќе бидат разјаснети мноштвото дилеми и потешкотии.

Учесниците искажаа бројни пофалби, сугестии и импресии од обуката, посочувајќи дека обуките на АКАДЕМИК внесуваат нови аспекти во толкувањето на правните проблематики, а особено што доследно ги следат законодавните актуелности и правните трендови, како што всушност тоа се направи и со оваа успешна обука.

„Навистина добра обука“,  Aдраман Тозлику, раководител на сектор, Општина Дебар.

„Супер обука, од голема корист“, вели Ирфан Хазар, раководител на Сектор за управување со човечки ресурси  во Општина Теарце.

„Одлично“, смета Мухарем Имеровски, виш соработник во Општина Центар Жупа.

„Прекрасно осмислено“, вели м-р Михаела Костадинова, раководител на правен сектор, Универзитет за компјутерски науки Св. Апостол Павле – Охрид.

„Супер обука, задоволна сум од организацијата и презентацијата“, вели Љубинка Милушева, секретар, ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје.

„Ќе биде од голема корист за знаењето и примената на одредбите, добро е што има материјали“, истакнува Апостолчо Рамов, соработник во Сектор за ИТ во Регулаторна Комисија за енергетика.

„Многу корисна обука“, вели Елизабета Јовчевска, раководител на Сектор за правни и општи работи воОпштина Велес.

„Задоволен сум“, вели Дарко Качаков, раководител на сектор во Општина Дојран.

 „Да, супер обука“, Горан Јовановски, раководител на Сектор за управување со човечки ресурси во Агенција за вработување на Република Македонија.

„Добра е , да видиме како ќе се реализира во пракса“, Елида Жикоска, раководител на правен сектор ЈП Македонија пат.

„Материјалите многу ќе бидат од корист, како и предавањата на оваа одлично организирана обука“, Душица Пешова, технички секретар, правник во ЈПВ Лисиче – Велес.

„Супер е, не знам по кој пат ги поседувам овие обуки и навистина за нас се од голема полза“, Душица Пешова, технички секретар, правник ЈП Комуналец Неготино.

„Супер обука“, согласни се – Оливера Христова, раководител на Служба за работни односи во ЈП Македонски железници – Инфраструктура и Цена Поповска – раководител на Одделение за управување со човечки ресурси во ЈП Македонски железници – Инфраструктура.

„Задоволна сум, но законот како не ги задоволува очекувањата“, Маргарита Шукулоска, раководител на Одделение за општи, правни и персонални работи на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

„Обуката е добра, има добри предавања, но јас би додала и некој практичен пример како анализа на некој реален случај, но веројатно тоа ќе биде кога и самиот закон ќе почне да се применува“, посочува Бранкица Димулкова раководител на Одделение за правни работи ЈПУЗПП Јасен.

„Некогаш и предавачите да се добри, проблематично е ако самиот сакон недоволно е јасен и е предмет на разни толкувања“, сметаат Славка Стојанова, советник и Надежда Дојчиновска, директор на Сектор за правни работи во ЈСП – Скопје.

„Супер Обука“, истакнува, Дрита Мехмедовски, соработник за човечки ресурси во Општина Струга.

„Прекрасно и многу корисно, само напред“, вели Бојан Милчин, правен соработник во Македонска опера и балет.

„Корисна обука, добра организација, супер предавачи кои темелно ја опфатија и презентираа анализата“, Живко Максимоски, советник во Државен пазарен инспекторат.

„Ќе биде во корист низ праксата, добар концепт и замисла“, согласни се м-р Александра Тасеска, самостоен правник II степен во Отсекот за општи правни работи, во Дирекцијата за правни работи, Иван Сотировски, специјалист за управување со човечките ресурси II степен во Отсекот за организациско – кадровски работи и усогласеност со прописите од областа на работните односи во Дирекцијата за управување со човечките ресурси,  Стојка Наумчевска – Отсекот за организациско – кадровски работи и усогласеност со прописите од областа на работните односи, во Дирекцијата за управување со човечките ресурси Народна банка на Република Македонија.