/ Прочитано:

1.762

Академик одржа обука за новините во Законот за извршување и нивното практично спроведување

Денеска Академик одржа обука на тема „Новиот Закон за извршување – преглед на законските новини, на правозаштитните барања и на практичното спроведување на Законот“.

akad 2

Новиот Закон за извршување стапи на сила на 20 април, а ќе започне да се применува од 20 август 2016 година. Во новиот Закон се вклучени бројни измени кои носат нови решенија за спроведување на постапката, за роковите, за правозаштитните барања и за улогата на лицата кои се вклучени во постапката.

akad 2

Паралелно со овие измени, воведени се и измени кои ги дефинираат обврските за работодавачите, за носителите на платен промет, за проценителите и за вештаците, за чие неисполнување во некои случаи се предвидени и парични казни.

akad 2

Во таа насока, на првиот дел од обуката на која говореше проф. д-р Кирил Чавдар, се потенцираа разликите помеѓу правото на приговор и правото на тужба, а предмет на неговата анализа и елаборација  беа и деловите од новиот закон кои се однесуваат на одлагање на извршувањето и запирање на извршувањето.

akad 2

Исто така, професорот Чавдар во своето предавање стави акцент и на новата улога на адвокатите во извршната постапка утврдена со новиот Закон за извршување.

akad 2

Професорот особено се осврна и на прашањето за разграничувањето меѓу правозаштитното средство – приговор,  кое може да го истакне секој должник и секој доверител доколку извршителот стори незаконитости во работењето, и тужбата, која ја имаат на располагање и самите должници и самите доверители и трети лица чии имот е зафатен со извршувањето, а во Катастарот се води како имот на должникот.

akad 2

Професорот Чавдар нагласи дека во Законот се регулира и тужбата при јавно наддавање, која може да ја поднесе учесник во јавното наддавање.

akad 2

Со оваа тужба учесникот во јавното наддавање може да го побива заклучокот на извршителот, а заради некои сторени неправилности во извршувањето и во самото наддавање.

akad 2

Во вториот дел од оваа обука, на која говореше извршителот Гордан Станковиќ  беше разгледано практичното спроведување на сите новини во постапката за извршување.

akad 2

Во новото законско решение за извршувањето, истакна извршителот Станковиќ, за разлика од претходните измени на законскиот текст, има значајни промени во неговиот статусен и процесен дел.

akad 2

Во таа насока, Станковиќ говореше за промените во однос на работата на Дисциплинската комисија, доставувањето на писмената, улогата на проценителот и вештакот, како и за прашањата поврзани со извршувањето врз подвижните предмети и во однос на извршувањето на недвижностите.

akad 2

Исто така, извршителот Гордан Станковиќ говореше и за новините во однос на проширувањето на извршителската надлежност и продажбата на подвижни и неподвижни предмети во рамките на стечајна постапка.

akad 2

На обуката стана збор и за новините во извршувањето во делот на комуналните услуги, комуникацијата со Комората на извршители, како и за редица прашања кои се поставија во рамки на интерактивната дискусија, а кои се однесуваат на практичното применување на Законот.

akad 2

Учесниците на обуката велат дека на денешната обука на мошне методичен и интерактивен начин исцрпно биле образложени новините во Законот за извршување.

„Јасните образложенија, теоретските дискурси, практичните примери,  интрективната дискусија и размената на мислења ѝ  дадоа несомнен квалитет на обуката на која говореа извонредните предавачи професорот Чавдар и изршителот Станковиќ, велат учесниците.

 

Учесниците на обуката велат дека на денешната обука на мошне методичен и интерактивен начин исцрпно биле образложени новините во Законот за извршување.

„Јасните образложенија, теоретските дискурси, практичните примери,  интерактивната дискусија и размената на мислења и` дадоа несомнен квалитет на обуката на која говореа извонредните предавачи, професорот Чавдар и извршителот Станковиќ, велат учесниците.

„Обуката беше предобра, многу практични работи во врска со новиот Закон за извршување беа образложени, со многу примери и со објаснување на праксата“, Маноил Андреевски од извршителската канцеларија на Чедомир Личковски

„Премногу стручно, премногу професионално, премногу концизно, едноставно премногу добра обука“,  Срѓан Отовиќ и Елена Периќ, „Триглав осигурување“

„Обожавам да го слушам професорот Чавдар, има навистина одлични предавања што го задржуваат вниманието и од кои може многу да се научи. Од оваа обука понесуваме многу знаења за новиот Закон за извршување што секако се должи на професорот Чавдар и на одличната  реализација на обуката“, Радица Раденковиќ, „Еуротабак“

„Супер реализирана обука, со многу значајна тема за практичното работење, како и за едукацијата во теоретскиот дел. Нашата оценка за оваа обука е десет. Имаше одлични предавања и интерактивна дискусија“, Александра Петроска и Викторија Петроска – Стрезоска

„Обуката беше добра, јас сум задоволна и од предавањата и од тоа како се спроведе обуката. За сè што нè интересираше, добивме одговор“, Даниела Настева Пиштолова, „Везе Шари“

„Се работи за тема која бара многу дискусија, на обуката се говореше за мошне значајни работи од новиот Закон за извршување, добра е обуката во секој случај“, Чукиќ и Марков

„Обуката помина одлично, имаше убави предавања и задоволни сме од начинот на кој беше презентирана темата“, Јадранка Ефтимова, Шпаркасе банка- Македонија

„Ни се допадна обуката од сите аспекти, имаше интерактивна дискусија и јасни објаснувања за новините во Законот за извршување“, Катерина Пулеванова и Бојана Петрова, Кроациа осигурување АД Скопје

„Да, обуката беше добро реализирана и задоволен сум од нејзината реализација“, Александар Давчевски, Еуростандард банка АД Скопје

„Би сакала да потенцирам еден збор – прекрасно. Прекрасно предавање на професорот Чавдар го слушав со големо внимание, навистина се работи за човек кој многу знае за оваа проблематика“, Марина Куцирова, ЈПКД Комуналец – Гевгелија

„Имаше интересни предавачи и интересни предавања, во секој случај корисна обука“, Весна Костовска Јакшиќ , Адвокатско друштво Костовска Јакшиќ

„Интересно, многу содржајно, сеопфатно, со многу дадени практични примери, вака би ја оценил денешната обука “, извршител Јовица Анѓеловски

„Задоволен сум од обуката, темелно се опфатија темите, имаше и време за прашања и дискусии за она што предизвикува дилеми во праксата“, Димитар Наумоски,  Извршителска канцеларија на Андреја Буневски