/ Прочитано:

1.713

Академик одржа обука за организирањето на внатрешната ревизија во акционерските друштва

Денеска Академик одржа обука посветена на внатрешната ревизија, која е задолжителна за секое акционерско друштво, и за насоките за унапредување на доброто корпоративно управување.

akademik foto

На денешната обука стана збор за чекорите за организирање на внатрешната ревизија во акционерските друштва, поточно, за насоките за изработка на внатрешни акти за организирање на службата за внатрешна ревизија, за условите за независност на внатрешниот ревизор, како и за улогата, значењето и содржината на извештајот на внатрешниот ревизор или службата за внатрешна ревизија.

akademik foto

Исто така, предмет на елаборација беше и унапредувањето на доброто корпоративно управување на ниво на акционерското друштво, со посебен фокус на службата за внатрешна ревизија.

akademik foto

Во таа насока, на обуката се говореше и за корпоративната одговорност, за обврската во случај на загуба, во случај на презадолженост и во случај на неспособност за плаќање, како и за обврската за изготвување записник за работата на секој состанок на органот на управување.

akademik foto

Беше дискутирано и прашањето за важните елементи на одлучување на членовите на органите на управување по пат на телефонско гласање или со гласање преку електронски средства, а стана збор и за обврските на членовите на органите на управување при вршењето на овластувањата.

akademik foto

Оставката на член или на членови на орган на управување, одговорноста за штета на член на орган на управување, исто така, беа  дел од темите за кои се дискутираше на обуката, на која свои излагања имаа проф. д-р Горан Коевски од Правниот факултет „Јустинијан I“ Скопје и Гордана Лазаровска од „Шпаркасе банка“ АД Скопје.

akademik foto

На обуката беа пренесени банкарските искуства за прашањата кои беа предмет на елаборација, а кои, во согласност со законската регулатива, a се однесуваат и на акционерските друштва и во таа насока се говореше за организацијата на внатрешната ревизија.

akademik foto

Детално беа анализирани  и критериумите во организациона смисла, а се говореше и за разликите помеѓу внатрешната и надворешната ревизија, за придобивките од неа, потоа за независноста на ревизијата, за структурата на вработени,  како и за интерните акти и планови.

akademik foto

Беше анализиран и практичен пример на извештај за внатрешна ревизија и преку симулација беше прикажан процесот на одлучување на внатрешната ревизија во акционерското друштво и беше презентиран моделот на внатрешна ревизија.

akademik foto

Учесниците на обуката велат дека добиле исклучително значајни информации и појаснувања, кои ќе бидат од голема корист во нивното деловноправно работење.

„Одлична е обуката. На корисен и методичен начин се појаснија прашањата за внатрешната ревизија, која е задолжителна за секое акционерско друштво, и насоките за унапредување на добро корпоративно управување“, Тодор Шендов и Тодор Герасимовски, АД „Гранит“.

„На обуката се разгледаа мошне значајни прашања во областа на внатрешната ревизија и корпоративната одговорност. Задоволни сме од концептот и од реализацијата на денешната обука“, Ана Здравковска и Љубен Делчев, Макпетрол АД Скопје.

„Презадоволни сме од обуката и од предавачите. Се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на нашиот делокруг на работење, имаше интерактивна дискусија и размена на искуства“, Иван Стрезовски, Витаминка АД Прилеп.

„Ги добивме бараните информации на обуката, се разговараше, се говореше за многу прашања. Од она што беше истакнато стекнавме нови познавања, што секако ќе ги примени во праксата“, Весна Петковска, ИГМ Вратница АД.

„Обуката е супер организирана. Предавачите имаат корисни дискусии и посебно е од значење тоа што се става акцент на интерактивната атмосфера, па може да се извлечат заклучоци и во однос на дилемите кои се појавуваат во секојдневното работење“, Габриела Тасева, Градежен институт на Македонија АД.