/ Прочитано:

2.376

Академик одржа обука за теми од областа на градежното земјиште, градењето и просторното планирање

Понеделник, 15 јуни 2015 – Академик одржа  обука за теми од областа на градежното земјиште, градењето и просторното планирање. Предавачи на обуката беа Димитар Димовски, државен советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски и Цветанка Маркушоска, архитект и планер во Агенцијата за планирање на просторот.

На обуката посветена на значајни теми од областа на градежното земјиште, градењето и просторното планирање се дискутираше за прашањата во врска со новините во градежното законодавство, за отворените прашања и дилеми иницирани од новините во градежното законодавство и се даде поконкретен осврт и елаборација на законските новитети.

Исто така, на обуката се разгледа и прашањето за донесувањето на урбанистичките планови и нивното спроведување. Сите овие значајни прашања беа анализирани низ презентација на практични примери и за нив се дебатираше преку интерактивна дискусија.

Предавачи на оваа обука беа Димитар Димовски, државен советник за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт и врски и Цветанка Маркушоска,  архитект и планер во Агенцијата за планирање на просторот.

Димовски поконкретно се осврна на измените на Законот за градење и на Законот за просторно урбанистичко планирање и, како што подвлече на обуката, на сериозните новини во Законот за градежно земјиште.

„Во прописите за градежно земјиште има сериозен дел со новини и посебен акцент дадовме на новините во оваа област, односно на новите постапки кои ќе се спроведуваат електронски“, истакнува  Димовски.

Предавачката Цветанка Маркушоска пред учесниците ги образложи новините на Законот за просторно и урбанистичко планирање, со суштинска елаборација на сите аспекти на законските измени.

„Овој закон имаше значителен дел измени и за таа цел се образложи во кои насоки се движат измените, што се предвидува и што е, исто така, од особено значење за е-урбанизмот“, вели Цветанка Маркушоска .

Вообичаено за обуките на Академик, на обуката се разви дискусија и интерактивна дебата проследена со голем број прашања на кои предавачите дадоа одговори поткрепени со примери од практиката, но и со совети како да постапат и како да ги применат законските новини засегнатите субјекти и нивните претставници на обуката.

Учесниците истакнуваат дека на обуката добиле адекватни, прецизни и корисни одговори и посочуваат дека проблематиката од областа на градежното законодавство и урбанизмот потребно е континуирано да биде проследувана со обуки, но и со професионални, непосредни и корисни контакти со претставниците од институциите.

„Ова беше добра, позитивна обука со мошне експликативен пристап. Предавачот што говореше за темите од градежното земјиште е одличен. Ќе понесеме мошне корисни искуства одовде“, велат Николина С. Ѓорѓиева,  Ружа Стојановска и Радмила Шоповска од Општина Кисела Вода.

„Конкретно и јасно предавање, обуката е убаво организирана. Предавачите исто така беа добри, одговараа на прашањата“, велат  Елизабета Стаменов-Ичев и Ана Бошковска од Неотел ДОО Скопје.

„Сѐ што ни беше нејасно, сите дилеми, нејасности што се појавуваат низ праксата тука беа расчистени. За овие теми е најдобро да се говори преку обуки, каде што низ практични примери ќе се образложи што и како треба да се преземе во праксата“, велат Тања Божинова, Роза Здравева, Марија Рунтева  и Ангела Чичевалиева од Општина Велес.

„Одлична обука, предавачите се на нивото на својата задача. Најважно е што има интерактивна дискусија, може да се праша и да се добие одговор“,  вели Натмир Неџипи од Општина Струга.

„Многу ни се допадна обуката досега. За поздрав е начинот на кој предавачите предаваат и ги образложуваат темите. Исто така позитивно е што претставува и простор да се слушнат различните мислења“, велат Александар Иванов и Игор Петков од Општина Радовиш.

„Преку нашите дискусии и преку разговорите со предавачите дојдовме до нови познавања за кои ќе зависи од нас  како ќе ги примениме низ праксата. Обуката е одлична, добар концепт и реализација“, велат Ефтимчо Петровски, Марија Данаилова, Цветанка Тодорова Лешкоска и Ласко Куманов од Општина Кавадарци.

„Би бил краток, така најдобро може да се каже впечатокот од некој настан. Обуката е толку добра и добивме толку информации што е тешко во креативна смисла. Одлично е!“,  велатЕмилија Спировска и Горанчо Иванов  од Општина Чашка.

„Обуката е добра, само што би сугерирале предавачите повеќе да се фокусираат кон повеќе примери низ праксата, односно делот на експликација на законодавството мислиме дека не е толку суштински, бидејќи ние го знаеме тоа, колку што е суштинска практичната дискусија“, вели Весна Бошевска Тренчевска од Македонски телеком АД Скопје.

„Нам многу ни се допадна обуката. Предавањата беа одлични.  Добро е што имаме директен контакт со луѓето што се директно вклучени во проблематиката и што доаѓаат од институции надлежни за тие прашања“, вели Верица Соколовска-Бошнаковска од Општина Берово.

„Задоволни сме од обуката, солидно се реализира замисленото, предавачите се одлични“, велат Александар Димовски и Радица Ѓонеска од Општина Сопиште.

„Добра е обуката и предлагам да се прошири опсегот и кон други прашања од областа на градежното законодавство и од практиката“, велат Васе Никоска и Билјана Цветкоска од Општина Кривогаштани.

„Обуката има исклучителен информативен карактер. Покрај тоа има и исклучителен едукативен карактер, што за нас е од особено значење. Стекнавме знаења што ќе ни бидат од значајна едукативна корист“,  велат Елизабета Ангелова Петри од Општина Петровец

“Корисни предавања, со корисни и клучни одговори. Треба да има повеќе вакви, би рекле, состаноци, на кои сите вклучени во проблематиката, а посебно ние низ праксата, ќе ги кажат своите мислења и проблеми. Преку размена на такви мислења полесно се доаѓа и до одговорите“, велат Слободан Невенов, Славица Костадинова, Маја Стојанова и Александра Чивлачки  од Општина Бутел.

„Задоволни сме, обуката помина во најдобар ред. Имаше корисни предавања и организацијата е одлична“,  велат Даниела Кордоска и Емилија Галовска од Геинг кребс унд кифер интернешнл и др. ДОО Скопје

„Супер е обуката, особено делот на практичната дискусија. Мислиме дека и во следниот период на вакви обуки најважно е да има дискусија, практични примери и размена на мислења“, велат Билјана Кокароска и Драгица Јованова од Општина Аеродром.

„Презадоволни сме. Посебно од начинот на кој предавачите образложуваа и што можеше да ги прашаме и да добиеме одговори на сите прашања што нѐ засегаат. Сметаме дека овие прашања бараат вакво посветување на внимание, што се потврди и денес“, велат Александра Димоска Ангеловска, Марија Јованова и Јован Митревски од Општина Македонска Каменица.