/ Прочитано:

1.593

Академик организира обука на тема: Заштита на личните податоци – важечки мерки, употреба на социјални мрежи, ракување со бази на податоци

Обуката ќе биде фокусирана на употребата на социјалните мрежи од страна на компанијата и вработените во поглед на заштитата на личните податоци и маркетинг практики, а учесниците ќе имаат можност да слушнат и што е тоа дозволена, а што е тоа недозволена пракса при заштитата на личните податоци.

Обука за извршување 1

Следејќи ги најновите трендови од областа на правото, Академик организира обука за Заштита на личните податоци, која ќе се одржи во хотелот „Солун“ на 21 декември.

Предавач на оваа обука е Игор Кузевски, виш инспектор за заштита на личните податоци во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во текот на своето предавање, Кузевски ќе опфати неколку теми од оваа област. Учесниците ќе бидат запознаени со техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци на работник, како и за заштитата на личните податоци на претплатник/клиент.

Преку презентацијата на Кузевски, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со начинот на вршење на инспекциски надзор на полето на заштитата на личните податоци.

Во вториот дел од предавањето, обуката ќе биде фокусирана на употребата на социјалните мрежи од страна на компанијата и вработените во поглед на заштитата на личните податоци и маркетинг практики, а учесниците ќе имаат можност да слушнат и што е тоа дозволена, а што е тоа недозволена пракса при заштитата на личните податоци. Исто така, Кузевски ќе изнесе и детални информации за заштитата на личните податоци кај правни лица од правната и јавната сфера со голем број на претплатници и клиенти, при што учесниците на обуката ќе имаат можност да се информираат како внимателно да ракуваат со бази на податоци.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

АКАДЕМИК ОБУКА АГЕНДА foto