/Прочитано:

1.531

Академик организира обука за медијација во стопанските спорови

Во првиот дел од обуката предавач ќе биде Зоран Вучев, лиценциран медијатор,  доктор по социјална политика и социјална работа и еден од авторите на Прирачникот за обука на медијатори, кој ќе говори за основните принципи на медијацијата, за текот на постапката, како и за вештините за постигнување позитивен исход. Во вториот дел од обуката за медијација во стопанските спорови предавач ќе биде Јане Илијески од Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“, кој ќе говори за улогата на адвокатите во постапката за медијација.

академик обука

„Задолжителен обид за медијација во трговските спорови со вредност до 1.000.000,00 денари – како до прифатливи решенија преку ефикасна и конструктивна постапка за медијација“ е темата на обуката за медијација во стопанските спорови, која ќе ја организира Академик на 31 јануари, во својот најсовремен Центар за практични обуки, со почеток во 10:00 часот.

Во првиот дел од обуката предавач ќе биде Зоран Вучев, лиценциран медијатор,  доктор по социјална политика и социјална работа и еден од авторите на Прирачникот за обука на медијатори, кој ќе говори за основните принципи на медијацијата, за текот на постапката, како и за вештините за постигнување позитивен исход.

Преку презентацијата на Вучев, учесниците на обуката ќе бидат запознаени со  генералните забелешки во врска со законското решение за задолжителниот обид за медијација во трговските спорови за паричните побарувања со вредност до 1.000.000,00 денари. Медијаторот најдетално ќе ги презентира фазите на постапката за медијација, ќе говори за медијацијата во трговските спорови со странски елемент/меѓународна медијација, како и за исходот на завршување на постапката. Учесниците ќе бидат информирани и за начелото на доброволност, како и за задолжителниот обид за медијација, за трошоците при постапката и за постапката за медијација со повеќе медијатори.

Во првиот дел од обуката фокусот ќе биде ставен и на стратегиите, принципите и техниките за конструктивни преговори и постигнување прифатливи решенија во постапката за медијација. Вучев ќе го образложи начинот на организирање на средбите на медијаторот или на повеќе медијатори со полномошникот, односно полномошниците и страните во спорот. Учесниците ќе бидат запознаени и со улогата на медијаторот во подготовката на документација.

На обуката ќе бидат презентирани искуствата од досегашната примена на законското решение за задолжителниот обид за медијација во трговските спорови со вредност до 1.000.000,00 денари.

Во вториот дел од обуката за медијација во стопанските спорови предавач ќе биде Јане Илијески од Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“, кој ќе говори за улогата на адвокатите во постапката за медијација.

Учесниците ќе имаат можност да слушнат за предностите од ангажирањето адвокат во постапката за медијација, како и за важноста од доверливоста на постапката за медијација и обврската за чување на професионална тајна. Во својата презентација Илијески ќе ја објасни и улогата на адвокатот во фазата на иницирање, односно прифаќање постапка за медијација, а ќе ја образложи и важноста на комуникацијата меѓу адвокатот и клиентот, и тоа пред постапката за медијација и во текот на неа. Учесниците ќе бидат информирани и за тоа колку е битна активната улога на адвокатот во предлагање и изнаоѓање објективни решенија, како и во подготовката на документација во текот на постапката за медијација. Илијески во својата презентација ќе ги претстави и досегашните искуства од практичната примена на Законот за медијација.

Во чекор со современите трендови и оваа обука што ја организира Академик ќе биде интерактивна. Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања и да дискутираат за сите точки од темата.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

Агенда-график-медијација-прегледана