/ Прочитано:

768

АКАДЕМИК ОБУКА за најактуелните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

Понеделник, 15 септември 2014 – На 25 септември (четврток) во Конференцискиот центар на Queen Hotel во трговскиот центар Зебра со почеток во 10:00 часот ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА за моментно најактуелните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

Актуелноста на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници  произлегува од многуте новини кои ги пропишуваат истите, а чија што припрема за нивна примена ја наметнува потребата од одржување на практична обука на која што преку практични примери, прашања и одговори, стручна и компетентна елаборација ќе бидат разјаснети мноштвото дилеми и потешкотии.

Донесувањето на неколкуте подзаконски акти беше мотив повеќе за тимот на АКАДЕМИК да ја организира практичната обука, верувајќи дека токму со помош на подзаконските акти, како и на самите закони, на учесниците на обуката ќе може да им се понуди попрактичен пристап во подготовката за примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

На обуката ќе се разгледаат и дебатираат следните значајни прашања:

  • Новини во законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници;
  • Вработување и подготовка  на акти за организација и ситематизација на работни места за вработените во јавниот сектор и административните службеници;
  • Управување со ефектите на административните службеници;
  • Дисциплинска и материјална одговорност на вработените во јавниот сектор и административните службеници.

Реномираните предавачи од Државниот управен инспекторат и Министерството за информатичко општество и администрација несебично ќе им ги пренесат своите искуства, знаења и идеи на учесниците на обуката. Имено, свои изглагања во однос на предметната тематика ќе имаат: Југослав Ѓорѓивески – управен инспектор во Државен управен инспекторат и Љубомир Младенов – раководител на Сектор во Министерството за информатичко опшетство и администрација на РМ.

Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 23.09.2014 (втoрник) на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821! – Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ – Бројот е ограничен на 30 учесници по обука! – Цената е за еден учесник за еден ден За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст! >>> Прилог агенда за обуката: