/ Прочитано:

1.769

АКРМ: Адвокатите со свои коментари на „ЕНЕР“ да се вклучат во дискусијата за предложените измени на Законот за нотаријатот

„Останаа само уште 4 дена за коментирање на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот објавен на веб-страницата ’ЕНЕР‘  (КЛИКНИ ТУКА).  Измените на Законот за нотаријатот се иницирани од Стопанската комора на РМ, а Адвокатската комора на РМ преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за нотаријатот,  оформена од министерот за правда, ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите и задржување на постојните решенија од Законот за нотаријатот или либерализација на нотаријатот. Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата, ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог-законот и сите алтернативи и своите коментари и јасни ставови директно да ги внесат на веб-страницата на ’ЕНЕР‘ (КЛИКНИ ТУКА)“, соопштуваат од АКРМ.

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ КОИ СЕ ВО ФАЗА НА ПОДГОТОВКА

M.В