/ Прочитано:

724

АКРМ: НАПРЕДНА ОБУКА ПО ФОРЕНЗИКА ЗА АДВОКАТИ

Понеделник, 22 септември 2014 – Адвокатската Комора на Република Македонија известува дека продолжува со организација на специјализирани, односно напредни обуки наменети за адвокатите коишто успешно ги завршија основните обуки за адвокати за новиот Закон за кривична постапка, заеднички организирани од страна на Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора.

Имено, се работи за специјализирана обука од областа на форензиката, а имајќи во предвид дека адвокатот треба да се подготви, пред сé, вкрстено да испраша форензички експерти.

Овој тип на обука ќе им овозможи на адвокатите да се стекнат со основно познавање за некои од областите каде што може да биде применето вештачење, особено во однос на анализата на фактите вклучени во вештачењето, терминологијата и начинот на кој сето тоа влијае на кривичната одговорност на обвинетиот, односно да научат како експертот (вештакот) треба правилно да го изврши своето вештачење и како сето тоа да се примени соодветно во пракса.

Обуката се состои од две сесии кои се одвиваат во текот на два дена, од кои секоја сесија ќе трае околу четири часа. Присуството е задолжително и двата дена. На крајот на обуката ќе бидат доделенисоодветни сертификати. Обуките се отворени за сите заинтересирани адвокати кои веќе успешно ги комплетираа основните обуки за новиот ЗКП и се бесплатни.

Терминот во кој ќе се одржи напредната обука по форензика е следниот:

23.09.2014 (вторник); 25.09.2014 (четврток) во Скопје

 Обуката ќе се одвива од 15.00-19.00часот. Локацијата на одржување на обуката еКлуб на новинари. Трошоците за патување и сместување нема да бидат покриени. Учесниците ќе добијат и соодветен Прирачник, наменет исклучиво за обуките по форензика. Прирачникот ќе им биде пратен на сите учесници по електронски пат, заедно со предвидената програма, а потоа материјалите ќе бидат поделени и на самата обука на сите учесници.

Заинтересираните адвокати за горенаведената обука своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: ristik@abaroli.mk

Рокот за регистрација е до 22 септември 2014 година. Ве молиме при регистрацијата да ги наведете Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса)и обуката за која се пријавувате. Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.