/ Прочитано:

634

Акција: „Отворено со катастарот“

Петок, 21 ноември 2014 – Агенцијата за катастар на недвижности и годинава, од 24 ноември до 20 март 2015, ќе ја спроведе акцијата „Отворено со катастарот” што се реализира веќе седма година по ред.

Со овој проект граѓаните кои имаат прашања или проблеми поврзани со Катастарот ќе може во просториите на агенцијата да ги решат на лице место со стручните тимови на Агенцијата за катастар на недвижности.

„Отворено со катастарот“ ќе се реализира во сите градови во Македонија каде што Агенцијата за катастар има свое подрачно одделение.