/ Прочитано:

637

Албанскиот претседател одлучува дали ќе го потпише новиот Закон за територијална поделба

Среда, 20 август 2014 – Претседателот на Република Албанија, во текот на денов се очекува да донесе одлука дали ќе го потпише указот за Законот за новата административно територијална поделба или ќе го врати на повторно разгледување во парламентот. Со новата територијална поделба не се согласуваат Македонците, Грците, многу општини, како и опозициските демократи.

Во функција на донесување на одлуката тој ќе оствари средба со претставниците на локалната власт во земјата.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека на средбата со претставниците на локалната власт тема на разговорот ќе биде токму овој закон.

Законот за територијална поделба беше изгласан со 88 гласови „за“ еден против и еден воздржан, без присуство на опозицијата на 31 јули, на последната седница на парламентот пред летните одмори. Сепак, реакциите не стивнуваат и на Македонците и на Грците во Албанија.

„Чекаме каков чекор ќе преземе претседателот Нишани, потоа ќе побараме толкување од Уставниот суд па ќе продолжиме со сите демократски средства, вклучувајќи и референдумско изјаснување“, велат претставниците на Македонците.

Со идентичен став се и претставниците на грчкото малцинство. Локалните власти од повеќе општини одржаа низа протести, а највија и референдум додека демократите повикаа на масовни протести. Пред четири дена Нишани во Парламентот врати три закони – за Високиот совет за правда, Законот за полиција и за Управен суд, кои пак за владата на премиерорт Еди Рама се повеќе од значајни.