/ Прочитано:

4.484

АНАЛИЗА: Влијанието на начинот на облекување на њујоршките адвокати и нивните клиенти врз поротата и судиите

Голем број адвокати кои се занимаваат со кривично право знаат дека изгледот на нивните клиенти пред судот е еден од факторите за тоа како тие ќе бидат оценети од судијата и од поротата. Затоа помеѓу адвокатите станало пракса во своите канцеларии да чуваат соодветна машка и женска облека за да ѝ излезат во пресрет на својата странка во секое време доколку таа не може да си дозволи таква облека пред судот. Сепак, кодексот за облекување не важи само за обвинетите. Како изгледа една личност пред судот е значајно и во граѓанските спорови, се вели во статијата на Кристина Родригез, правен советник на адвокатската канцеларија „Балестриере и Фариело”.

адвокати облека

Индивидуалноста како човекова карактеристика не е секогаш добредојдена во судот и во судницата, особено кога станува збор за слободата на избор на облекување. Според статијата на Кристина Родригез, правен советник на адвокатската канцеларија „Балестриере и Фариело”, речиси во секоја постапка пред судот, кога присуството во судницата е задолжително, најдобро е и адвокатот и странката да бидат соодветно облечени, во спротивно ризикуваат од страна на судијата да бидат оценувани според нивниот изглед.

Оваа практика на судот да ги третира подобро учесниците во една судска постапка што се подобро облечени, Родригез ја забележува и во Кривичниот суд во Њујорк. Начинот на облекување на адвокатите кога одат во суд за да завршат некоја административна или процедурална работа не го забележувале само вработените во  судот туку и судиите. Па така, доколку не биле соодветно облечени, адвокатите поминувале незабележано од страна на судиите во судските постапки.

Во септември оваа година Советот на Градот Њујорк донел одлука дека во иднина ќе бара од Управата за извршување на санкции притворените лица обвинети за кривични дела или осудените на казна затвор до една година за полесни кривични дела, да доаѓаат во судот облечени во својата облека, а не во затворската униформа поради тоа што кога обвинетиот доаѓа во судот во униформа веднаш оддава изглед на виновен човек и однапред е „осуден“ од јавноста и од поротата.

Голем број адвокати кои се занимаваат со кривично право знаат дека изгледот на нивните клиенти пред судот е еден од факторите за тоа како тие ќе бидат оценети од судијата и од поротата. Затоа помеѓу адвокатите станало пракса во своите канцеларии да чуваат соодветна машка и женска облека за да ѝ излезат во пресрет на својата странка во секое време доколку таа не може да си дозволи таква облека пред судот.

Сепак, кодексот за облекување не важи само за обвинетите. Како изгледа една личност пред судот е значајно и во граѓанските спорови. Според Родригез, имало ситуација кога се одржувале рочишта помеѓу адвокати кои биле формално облечени, во костум и вратоврска, и адвокати кои биле облечени полежерно, со раскопчано сако и откопчана јака. Овие вториве постојано биле прекинувани во своите излагања и судиите речиси и да не ги дослушувале во аргументирањето и не им обрнувале внимание за разлика од формално облечените на кои им бил даван поголем простор за излагање и кои биле внимателно ислушани од судијата.

Адвокатите треба да знаат дека првиот впечаток е многу важен и во градењето на нивниот углед во судот и помеѓу останатите колеги адвокати. На тој начин се развива психолошка предност во однос на останатите, можноста за зближување со колегите е поголема, а со тоа и соработката помеѓу адвокатите.