/ Прочитано:

1.744

АНКЕТА: Повеќето граѓани поддржуваат пропорционален модел, отворени листи и една изборна единица

Среда, 26 август 2015 – Мрежата за мултикултурно општество во периодот од 18-ти ти до 21-ви август спроведе електронска анкета, на примерок од 1.024 испитаници, во врска со можноста за промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија.

На прашањето со каков изборен модел подобро ќе бидат претставени интересите на граѓаните во Македонија во Собранието на Република Македонија, 53,38 проценти одговориле дека се за пропорционален модел, додека пак 21,12 отсто претпочитаат мнозински модел.

На прашањето дали сакаат отворени или затворени листи, 43,72 отсто се изјасниле дека поддржуваат отворени листи, додека 33,83 отсто избрале затворени листи.

Во однос на поделбата на изборните единици во Македонија, 43,17 отсто се изјасниле за една изборна единица, 22,14 проценти за три изборни единици, а 29,08 отсто за шест изборни единици.

Речиси половината, односно 49,21 проценти, сметаат дека дијаспората треба да гласа на парламентарните избори, а 23,19 отсто не го делат ова мислење, односно сметаат дека дијаспората не треба гласа на изборите.

Во однос на промената на бројот на пратениците во Собранието, за намалување на овој број се изјасниле 67,94 проценти, додека 5,36 отсто сметаат дека тој треба да се зголеми. За бројот на пратеници да остане ист се изјасниле 22,17 проценти од анкетираните.

На прашањето дали треба да се дадат „резервирани мандати“ за сите заедници во Македонија, 31,80 отсто сметаат дека тоа треба да се направи, додека, пак, ова мислење не го делат 28,13 отсто.

Целосната анализа од онлајн истражувањето, мрежата за мултикултурно општество ќе го објави на почетокот септември 2015 година.