/ Прочитано:

1.177

Антикорупциска ги одби приговорите за разрешување поранешни вршители на должност

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница го одби приговорот за разрешување на поранешниот вршител на должност директор на „Јасен“, Оливер Андонов како неоснован. Исто така, Комисијата донесе ваква одлука и за приговорот на Лидија Богдановска, поранешен в.д. директор на Службата за просторен информативен систем, орган при Министерството за животна средина во Битола.

Приговорите на двајцата поранешни вршители на должност беа одбиени поради тоа што одлуките за нивно разрешување биле донесени пред денот на распишувањето на локалните избори.

Оливер Андонов по седницата изјави дека одлуката за негово разрешување стапила восила и му била врачена на 11 август. Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски, пак, во образложението на овој предмет речедека одлуката за разрешување на Андонов била донесена од страна на Управниот одбор на „Јасен“ на 5 август.

Тантуровски ги информираше новинарите дека сè уште не се пристигнати одговори и документи во врска со веќе отворените случаи за разрешувања, дисциплински постапки и откази по распишувањето на локалните избори 2017, што е во спротивност со Изборниот законик.