/ Прочитано:

1.021

АНТИКОРУПЦИСКА: Јавна опомена за две лица поради судир на интереси

Вторник, 26 мај 2015 – Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба судир на интереси кај лицата Милован Каланоски и Антонио Двојаковски поради повреда на членот 9 од Законот за спречување судир на интерси.

„Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба судир на интереси кај лицата Милован Каланоски и Антонио Двојаковски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси и тоа:

1) Милован Каланоски – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси – истовремено со функцијата претседател на Управен одбор во ЈП „ЕРЕМИЈА“ – Вевчани ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „КМ – ВИН ВИНАРИЈА“ ДООЕЛ с. Вевчани, Вевчани. 2) Антонио Двојаковски – повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Берово на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство и трговија „АКД“ ДООЕЛ увоз – извоз, Берово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

Милован Каланоски и Антонио Двојаковски не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање“, се вели во јавната опомена.