/ Прочитано:

723

Антикорупциски политики во локалната самоуправа

Вторник, 9 декември 2014 – Градоначалници на општини во Македонија денеска ќе потпишат антикорупциски политики на одбележувањето на  Светскиот ден за борба со корупцијата, што денеска го организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

На одбележувањето на денот за антикорупција ќе има воведна сесија на која ќе бидат нагласени социјалните и политичките аргументи за важноста од спречувањето и борбата со корупцијата преку подобрување на административниот интегритет, ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.

На  сесијата „Спречување на корупцијата преку интегритет“ ќе се разговара за улогата на граѓанското општество и младите во мониторинг на општинските заложби за транспарентност, отчетност и отвореност и за потенцијалите на социјалната иновација и поддршката на општините во имплментирањето на апликацијата „Отворена општина“, претставување на е-услугите како пример за искористување на ИТ-алатки за пречување корупција.