/ Прочитано:

1.022

Апелација ја зголеми казната за сообраќајката кај „Зебра“

Четврток, 26 ноември 2015 – Апелациониот суд Скопје му ја зголеми за една година затворската казна на Бојан Блажевски,  возачот што ја предизвика трагичната сообраќајка кај ТЦ „Зебра“ при што животот го загуби новинарката Сузана Тодороска-Павлоска.

Обвинетиот Блажевски од првостепениот суд беше  беше осуден на пет години затвор.

„За сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице, обвинетиот со пресуда на овој суд од 03.09.2015 година е осуден на 5 години затвор, а со второстепената пресуда, Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како несонована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на 6 години затвор, додека во останатиот дел, пресудата се потврдува“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Блажевски, во моментите кога случила несреќата, 7 јули,  имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павлоска која се движела на тротоар.

Тој пред судот изрази каење за тоа што го сторил. Наведе дека тоа што одзел човечки живот го довело до психичко растројство.

>> ПРЕСУДА: Пет години затвор за обвинетиот за сообраќајната несреќа кај „Зебра“ 

>> Обвинетиот за сообраќајката кај „Зебра“ ја призна вината — обвинителството бара максимална казна